МАЖ ДОПИРАЛ ПО ТЕЛОТО МАЛОЛЕТНО ДЕВОЈЧЕ ВО БИТОЛА, ТАТКОТО ГО ПРИЈАВИЛ ВО ПОЛИЦИЈА

    МАЖ ДОПИРАЛ ПО ТЕЛОТО МАЛОЛЕТНО ДЕВОЈЧЕ ВО БИТОЛА, ТАТКОТО ГО ПРИЈАВИЛ ВО ПОЛИЦИЈАОд полиција велат дека работат на пронаоѓање на лицето и расчистување на настанот. (Фото: СДК.МК)

    Татко од Битола пријавил во полиција дека повозрасно лице ја допирало по телото неговата малолетна ќерка. Од СВР Битола соопштија дека пријавата ја добиле на 19 ноември во 00:30 часот.

    Соседи кажуваат дека девојчето со другите сестри и со мајката живеат по кирија во Битола. Мајката и пред некој ден бранејќи ги девојчињата излегла со стап на улица за да избрка машко лице кое ги вознемирувало.

    Од полиција велат дека работат на пронаоѓање на лицето и расчистување на настанот.

    Ж. ЗДРАВКОВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира