МЕЧКИТЕ МАРКО И МАРТИНА ЌЕ СИ ОДАТ ОД СКОПСКАТА ЗООЛОШКАТА ГРАДИНА

    МЕЧКИТЕ МАРКО И МАРТИНА ЌЕ СИ ОДАТ ОД СКОПСКАТА ЗООЛОШКАТА ГРАДИНАСо години живеалиштето за мечки е поделено на три дела. Во еден дел живеат браќата Бим и Бум, а во другиот дел кој е поделен на два дела братот и сестрата Марко и Мартина. (Фото: СДК.МК)

    Мечките Марко и Мартина ќе си заминат од скопската Зоолошка градина бидејќи живеалиштето е несоодветно и мало за 4 животни. Со години живеалиштето за мечки е поделено на три дела. Во еден дел живеат браќата Бим и Бум, а во другиот дел кој е поделен на два дела братот и сестрата Марко и Мартина.

    „Марко и Мартина се сами и затоа ќе ги дадеме во некоја од Зоолошките градини со кои соработуваме или ќе побараме преку фондацијата ‘Брижит Бардо’ да се однесат во некои од резерватите со кои тие работат. Планираме потоа целосно да го реновираме живеалиштето. Да го урнеме ѕидовите со кои е поделено на три дело и на тоа начин Бим и Бам ќе имаат соодветно големо живеалиште“, велат од скопската Зоолошка градина.

    Од таму велат дека директорот Ѓорѓи Галетановски е во преговори со неколку градини од Европа да ни донираат поларна мечка.

    Во моментов во градината се работи на изградбата на живеалиштата на фламинга и пингвини. Тие ќе бидат едно до друго. Изведени се базените, како и внатрешните простории, а сега се работи на уредување на останатиот дел од надворешното живеалишта. Фламингата и пингвините треба да стасаат пролетва.

    А. АНТЕВСКА

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари