МЕЃУ ШЕСТМИНАТА НОВОЗАБОЛЕНИ ОД КОРОНАВИРУС ВО КУМАНОВСКО И ЕДЕН ВРАБОТЕН ВО ГРАДИНКА

    МЕЃУ ШЕСТМИНАТА НОВОЗАБОЛЕНИ ОД КОРОНАВИРУС ВО КУМАНОВСКО И ЕДЕН ВРАБОТЕН ВО ГРАДИНКАДосега во кумановскиот регион има заразени 448 лица од коронавирус, од кои 42 се активни и 21 починат. - Пункт за тестирање во Куманово (Фото: СДК.МК)

    Лице вработено како технички персонал во градинка во Липково, е позитивен на коронавирус, покажал скринингот на вработените во градинките во Североисточниот регион.

    Според информации од Центарот за јавно здравје во Куманово, тој е единствен случај од вкупно 314 лица на кои им е направено тестирање минатата недела.

    „Направени се тестови на сите вработени во градинките во четири општини. Во Куманово се тестирани 235 лица, во Липково 13, Крива Паланка 50 и Кратово 30. Од вкупниот број има еден заразен во Липково“, вели директорот Ариф Љативи.

    Во кумановско денеска се регистрирани шестмина новозаболени, сите од Општина Липково, поточно од селата Слупчане, Матејче, Оризаре и Никуштак.

    Досега во кумановскиот регион има заразени 448 лица од коронавирус, од кои 42 се активни и 21 починат.

    С.НИКОЛИЌ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира