МЕСТО ДА КУПУВА УКРАСИ И КАЛЕНДАРИ, ОПШТИНА ВЕЛЕС ЌЕ ГИ ДОНИРА ПАРИТЕ НА СИРОМАШНИ СЕМЕЈСТВА

    МЕСТО ДА КУПУВА УКРАСИ И КАЛЕНДАРИ, ОПШТИНА ВЕЛЕС ЌЕ ГИ ДОНИРА ПАРИТЕ НА СИРОМАШНИ СЕМЕЈСТВАСто семејства ќе добијат по 3.000 денари, најави градоначалникот Коцевски (Фото: СДК.МК)

    Градоначалникот на Велес Аце Коцевски најави дека наместо нови новогодишни украси, календари и други промотивни материјали, средствата предвидени за оваа ставка ќе бидат донирани на 100 социјално најзагрозени семејства од градот.

    Вкупната вредност на донацијата е 300.000 денари. Податоци за семејствата ќе се обезбедат во соработка со Меѓуопштинскиот центар за социјална работа. Секое од овие 100 семејства кои се соочуваат со социјални проблеми ќе добие по 3.000 денари пред новогодишните празници.

    „Одлучив средствата да ги донираме на социјално најзагрозените семејства и да придонесеме овие наши сограѓани да имаат поубави и поисполнети празници со своите семејства. Да ги заборават проблемите и грижите и барем за момент да ги почувствуваат топлината и радоста на празниците“, рече Коцевски.

    П. ПЕЧКОВ

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира