МЕСТО НА ОСМОМАРТОВСКО ОРО, ЖЕНИТЕ ВО БИТОЛА НА БЕСПЛАТЕН МАМОГРАФСКИ ПРЕГЛЕД

    МЕСТО НА ОСМОМАРТОВСКО ОРО, ЖЕНИТЕ ВО БИТОЛА НА БЕСПЛАТЕН МАМОГРАФСКИ ПРЕГЛЕДВо акцијата „Март-месец на мамографија“ предвидено е 60 жени бесплатно да се снимат на новиот дигитален мамограф (Фото: СДК.МК)

    За неполн час се пополни списокот за бесплатен мамографски преглед на жени од Битола и околните општини.

    Организацијата на жени, во соработка со Клиничка болница Битола, ќе ја спроведе акцијата „Март-месец на мамографија“, во која е предвидено 60 жени бесплатно да се снимат на новиот дигитален мамограф. Интересот беше голем, а за преглед се пријавија и жени кои никогаш или долго време не направиле ваков преглед, како и некои кои веќе имаат здравствени проблеми, па овие прегледи им се од животна важност.

    „Ова е по повод претстојниот празник на жената. Да направиме повеќе за нашите жени, место традиционалното оро во кафеана. Жените треба да имаат над 50 години, а предност ќе имаат жени од руралниот дел на Битола, Новаци, Могила и Демир Хисар“, рече Светлана Петковска, претседател на Организацијата на жени од Битола.

    Од Клиничка болница велат дека како општествено одговорна установа која се грижи за здравјето на пациентите се вклучува во кампањата за бесплатни мамографски прегледи, со цел да се подигне свеста кај жените за редовни прегледи.

    Ж. ЗДРАВКОВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира