МИГРАНТИ ОД ТАБАНОВЦЕ ВРАТЕНИ ВО ГРЦИЈА

a:2:{s:16:"td_post_template";s:22:"single_template_civica";s:9:"td_source";s:49:"Куманово,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    МИГРАНТИ ОД ТАБАНОВЦЕ ВРАТЕНИ ВО ГРЦИЈА

    47 мигранти, главно семејства од Сирија и Ирак, од транзитниот центар во Табановце вратени се во Грција. Меѓу мигрантите имало 30 деца, кои со своите родители во државата влегле илегално пред 5-6 месеци.

    Транспортот бил организиран ноќеска во 3 часот по полноќ со автобус од МВР, кога мигрантите биле  однесени на граничниот премин Богородица. Потоа пешки ја поминале границата и биле прифатени од грчката полиција. Ќе бидат сместени во бегалските кампови во Атина.

    Со ова започнало спроведување на договорот за реадмисија на бегалците од Македонија во Грција.

    Неофицијално, во кампот Табановце останале уште 49 мигранти, главно самци, повозрасни лица и економски мигранти, кои биле фатени од полицијата во липковскиот реонот како се обидуваат нелегално да ја поминат границата и поради временските неприлики и стидот биле сместни во транзитниот центар. Каква ќе биде нивната судбина не е познато.  

    Од МВР најавија дека ќе излезат со официјална информација за целиот случај.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира