МИГРАНТИТЕ ДОБИЈА АМБУЛАНТА ВО КУМАНОВСКАТА БОЛНИЦА

a:2:{s:16:"td_post_template";s:22:"single_template_civica";s:9:"td_source";s:49:"Куманово,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    МИГРАНТИТЕ ДОБИЈА АМБУЛАНТА ВО КУМАНОВСКАТА БОЛНИЦА

    Мигрантите од Сирија и останатите држави кои се зафатени со воени дејствија добија амбуланта во Општата болница Куманово. Во иднина, сите здравствени услуги кои се неопходни за пациентите странци кои транзитираат или престојуваат во државата ќе се пружаат на едно место, во реновираните простории на некогашната хируршка амбуланта која се наоѓа во подрумските простории на болницата. Проектот се реализира со подршка на Банката на Советот на Европа, Меѓународната организација за мигранти и Министерството за здравство, а инвестицијата е вредна околу 100.000 евра. Во кумановската болница досега се пружени над 470 здравствени услуги на мигранти, меѓу кои и 4 породувања, неколку оперции и згрижување на пациенти на одденијата.

    „Оваа подршка е обезбедена во склоп на проект што е финансиран од Банката за развој при советот на Европа, односно од фондот за миграции и бегалци, а имплементиран од Меѓународната организација за миграции. Имплементацијата на проектот започна во декемви 2015 година, и сега сме во завршна фаза на проектните активности. Проектот има значителна медицинска компонента во состав на која целта беше да се обезбеди ефикасен пристап на мигрантите кон медицинска заштита, но во исто време и да придинесува кон развој на локалните медицински капацитети во Гевгелија и Куманово, кои беа особено погодени со бегалската криза“, изјави Соња Божиновска Петрушевска, шеф на меѓународна организација за миграција.

    Проектот изнесува околу половина милион евра, а опфаќа реновирање на болниците на Гевгелија и Куманово, донација на медицински апарати, медицински мебел, амбулантско возило, реновирање на прифатниот центар на баратели на азил, опремување на транзитните центри, обука на граничната полиција, подршка на социјалните служби и др.

    Покрај амбулантата за мигранти, во истите реновирани простории е сместена и новата гинеколошко-акушерската амбуланта каде за првпат ќе почне да се применува методата колпоскопија, скрининг тестови и псхиофизичка подготовка на бремените жени за породување.

    Поранешната амбуланта на хируршкото одделение беше најзапуштениот и најруиниран простор во болницата, па пациентите се жалеа дека подрумските простории повеќе личат за снимање на хорор филмови, а не за лекување на пациенти.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира