МИРОСЛАВ ШИПОВИЌ ЈА ПОВЛЕЧЕ ОСТАВКАТА ОД ПРЕТСЕДАВАЧ НА СОВЕТОТ ВО ЦЕНТАР

    МИРОСЛАВ ШИПОВИЌ ЈА ПОВЛЕЧЕ ОСТАВКАТА ОД ПРЕТСЕДАВАЧ НА СОВЕТОТ ВО ЦЕНТАРПред почетокот на денешната седница на која требаше да се изгласа оставката и да се избере нов преседавач на Советот, Шиповиќ по кус разговор со градоначалникот Жерновски, реши да остане на функцијата

    Мирослав Шиповиќ ја повлече оставката од функцијата претседавач на Советот на Општина Центар што ја поднесе вчера. Тој останува на функцијата на барање на советниците. Пред почетокот на денешната седница на која требаше да се изгласа оставката и да се избере нов преседавач на Советот, Шиповиќ по кус разговор со градоначалникот Жерновски, реши да остане на функцијата. Тоа од него го побара советникот од СДСМ, Ѓошо Вангелов со објаснување дека помирувањето е во интерес на граѓаните.

    „Вие го водите Советот одлично и натаму треба да останете на чело за да работите во името на граѓаните. Ја имате поддршката од советничката група на СДСМ. Обидете се да најдете заеднички јазик со градоначалникот“, рече советникот Вангелов.

    Преседателот Шиповиќ и градоначалникот Андреј Жерновски излегоа од салата на петминутна консултација, а кога се вратија од дневен ред беа повлечени првите две точки на седница кои се однесуваа на оставката и изборот на нов претседавачна Советот.

    Шиповиќ вчера поднесе оставка од функцијата, од како што рече, лични причини. Тој се пожали дека нема комуникација со градоначалникот и дека не може повеќе да работи на таков начин. Градоначалникот Жерновски, пак, потсети дека нетрпеливоста меѓу нив двјаца почнала уште пред 2,5 години  кога гласот на Шиповиќ беше решавачки за усвојување на ДУП кој на Водно предвидува изградба на десеткатница, план кој по усвојувањето беше даден на Уставен суд. 

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира