МОДУЛАРНАТА БОЛНИЦА ВО ВЕЛЕС ПОВТОРНО ОТВОРЕНА ЗА КОВИД ПАЦИЕНТИ

    МОДУЛАРНАТА БОЛНИЦА ВО ВЕЛЕС ПОВТОРНО ОТВОРЕНА ЗА КОВИД ПАЦИЕНТИБолницата беше затворена на 26 мај поради малиот број позитивни случаи (Фото: СДК.МК)

    Од денеска повторно е отворена модуларната болница во Велес, чиј капацитет е 42 кревети. Ова доаѓа откако Инфективното одделение, кое има 54 кревети, се наполни со пациенти позитивни на ковид-19. Таа беше затворена на 26 мај поради малиот број позитивни случаи. Во Велес до вчера имаше 250 активни случаи на зараза.

    „Во модуларната болница се сместени четворица ковид пациенти, а во Инфективното одделение 47. На кислородна поддршка се 30 пациенти“, соопшти д-р Елеонора Јованова, портпаролка на велешка болница.

    Освен од Велес, во ковид одделенијата на велешката болница се згрижени и 14 пациенти од Свети Николе и осум од Горно и Долно Јаболчиште.

    Вкупно се хоспитализирани 51 лице, од кои 42 се со потврден позитивен тест, седум се сомнителни, а двајца пациенти се со негативен тест, но задржани на болничко лекување. Претпладнево биле испишани четворица пациенти со еден негативен тест.

    П. ПЕЧКОВ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира