МОМЧЕТО СО АУТИЗАМ ВО ПСИХИЈАТРИЈА ДЕМИР ХИСАР БИЛО ЛЕКУВАНО СПОРЕД ПРОТОКОЛИТЕ КОИ ДОЗВОЛУВААТ ВРЗУВАЊЕ НА ОДРЕДЕНО ВРЕМЕ, РЕЧЕ МИНИСТЕРОТ МЕЏИТИ

    МОМЧЕТО СО АУТИЗАМ ВО ПСИХИЈАТРИЈА ДЕМИР ХИСАР БИЛО ЛЕКУВАНО СПОРЕД ПРОТОКОЛИТЕ КОИ ДОЗВОЛУВААТ ВРЗУВАЊЕ НА ОДРЕДЕНО ВРЕМЕ, РЕЧЕ МИНИСТЕРОТ МЕЏИТИ„Според протоколите што ги даваат експертите од психијатрија, таков случај може да се врзуван само за одредено време за добивање на терапија“, рече Меџити. (Фото: Министерство за здравство)

    Министерот за здравство Фатмир Меџити вели дека во случајот со 17-годишното момче со аутизам од Битола, чии родители се пожалија дека било врзувано со синџири во Психијатриската болница во Демир Хисар,  било поступувано според протоколи дадени од експерти од психијатрија кои дозволуваат повремено врзување.

    „Зборував со директорката на установата, детето е лекувано според сите предвидени протоколи во случај кога такво дете може да биде агресивно, за да не си наштети самиот себеси, а ни на другите пациенти околу него. Затоа според протоколите што ги даваат експертите од психијатрија, таков случај може да се врзува само на одредено време за добивање на терапија“, рече Меџити денеска, одговарајќи на новинарско прашање по отворањето на нов објект на Психијатриската болница во Скопје.

    Мајката на момчето Салка Абдуловска обвини дека нејзиниот син бил врзуван во Психијатриската болница во Демир Хисар и дека од тоа има рани на рацете и нозете. Таа кажа дека таму го однеле пред еден месец поради агресивното однесување на момчето и побарале помош од здравствената установа да го опсервираат, а кога вчера го зеле дома имал рани по телото.

    Од Психијатриската болница во Демир Хисар ни изјавија дека пациентот е лекуван согласно медицина базирана на докази, а во одедени ситуации е неопходно физичко ограничување.

    Народниот правобранител во јули годинава соопшти дека е катастрофална состојбата со психијатриските болници „Скопје“ во Бардовци и во Демир Хисар. Таму нема хигиена, има насилство и повредување, а во Демир Хисар и опрема за врзување и тортура на пациентите.

    Ж. ЗДРАВКОВСКА

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира