МОМЧИЊАТА СМЕТААТ ДЕКА ТРЕБА ДА СЕ ВОЗВРАТИ НА ВРСНИЧКО НАСИЛСТВО, А ДЕВОЈКИТЕ ДА СЕ ПОБАРА ИНСТИTУЦИОНАЛНА ПОМОШ

    МОМЧИЊАТА СМЕТААТ ДЕКА ТРЕБА ДА СЕ ВОЗВРАТИ НА ВРСНИЧКО НАСИЛСТВО, А ДЕВОЈКИТЕ ДА СЕ ПОБАРА ИНСТИTУЦИОНАЛНА ПОМОШИстражување во Куманово покажа дека 40 отсто од децата доживеале врсничко насилство. (Фото: Михаил Нилов)

    Истражувањето на Организацијата на жени од Велес за меѓуврсничкото насилство меѓу учениците во Велес покажа дијаметрално спротивни ставови , околу тоа како треба да се реши. Момчињата ова насилство сметаат дека треба да го решат со возвраќање на сторителот, додека девојките сметаат дека треба да бараат помош институционално.

    „Учесниците знаеја што е насилство, умееја да ги набројат видовите на насилство, знаат кои знаци се појавуваат кај жртвите насилство. Единствено забележлива е разликата како децата би реагирале ако наидат на семејно, врсничко насилство. Девојчињата бараат помош институционално, во центрите за социјална работа, кај училишните служби, кај родителите Машките на насилството би возвратиле со насилство, или како што тие велат би се бранеле или би ја заштитиле жртвата“, вели Ангелина Димовска Стојанова од Организација на жени, која по професија е психолог.

    Со анкетата биле опфатени сто ученика од четирите средни училишта во Велес . Од нив 48 биле машки и 52 женски од сите возрасти на ова образование. Целта на истражувањето била дали младите знаат да препознаат вид на насилство, да набројат видови на насилство и како би препознале жртва насилство, каде да пријават. Но, и како да се сопре насилството.

    „Најдобро е со децата да се работи од најрана возраст од предучилишни установи, во училиштето да одат на обуки за ненасилна трансформација на конфликти, да се гледа како голем и сериозен проблем“, вели Димовска Стојанова.

    Таа е ангажирана во Центар за психолошка поддршка на жртви на семејно насилство во Велес. Лани, во 2023 година, 20 жени се обратиле кај нив за помош.

    „Сè е поголем е бројот на жени и деца кои бараат помош, тоа се потврдува од бројот на пријавени случаи. Лани од пријавените случаи, со пет од нив континуирано работевме на нивна ресоцијализација, реинтеграција, нивно враќање за довербата кон луѓето. Две станаа економски независни и се вработија“, додава Димовска Стојанова.

    Според податоците добиени од СВР Велес, во 2023 година имало пријавено 66 случаи семејно насилство, од нив 39 биле жени, 13 мажи и осум деца. Или лани имало повеќе пријави отколку во 2022 кога полицијата регистрирала 34. Од вкупниот број на пријави во 2023 година, обвинителството поднело 31 обвинение за кои има 24 одлуки од страна на судија од Основен суд Велес, повеќето од нив -20 се условна затворска казна а за три случаи е изречено психијатриско лекување и во еден случај парична казна. За 31 пријавен случај семејно насилство, обвинителството ја отфрлило пријавата.

    Во Куманово анкетата спроведена општинскиот Совет за превенција од детско претставништво, покажала дека 40 отсто од анкетираните деца доживеале врсничко насилство. Од вкупно 840 анкетирани ученици дури 318 пријавиле врсничко насилство. Педагозите со став дека врсничкото насилство во училишта во Македонија, во 2023 година е во голем пораст.

    П. ПЕЧКОВ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира