МОТОРЏИЈА ОД БИТОЛА ЗАГИНА, А ДРУГ Е ПОВРЕДЕН ВО СООБРАЌАЈКА КАЈ ЃАВАТО

    МОТОРЏИЈА ОД БИТОЛА ЗАГИНА, А ДРУГ Е ПОВРЕДЕН ВО СООБРАЌАЈКА КАЈ ЃАВАТОСообраќајката меѓу два мотора се случи на патот Битола - Ресен, во близина на црквичката кај Ѓавато (Фото: СДК.МК)

    36-годишниот моторџија Б. А. загина, а друг моторџија е повреден при тешка сообраќајна несреќа на два мотора која се случи денес околу 14,50 часот на патот Битола – Ресен, во близина на црквичката кај Ѓавато. И повредениот моторција Д. К. е битолчанец.

    „Од Итната медицинска помош ни е пријавено дека на местото на несреќата подигнале двајца повредени моторџии. За жал, едното лице им подлегнало на повредите на патот за битолската Клиничка болница. Другото е однесено на лекување во болница“, вели Лефтерија Миленкоска, портпарол на СВР Битола.

    Ж. ЗДРАВКОВСКА

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира