МРША СКАПУВА ВО РЕКАТА ДРАГОР ВО ЦЕНТАРОТ НА БИТОЛА

    МРША СКАПУВА ВО РЕКАТА ДРАГОР ВО ЦЕНТАРОТ НА БИТОЛАМршата стои на трева изникната во реката на потегот меѓу Општината и Ректоратот, непосредно пред Пожарната. (Фото: СДК.МК)

    Мрша, најверојатно  од прасе или куче, веќе неколку денови скапува во коритото на реката Драгор во центарот на Битола. Не се знае дали животното се удавило или некој се ослободил од мршата фрлајќи ја во реката.

    Телото на мртвото животно стои на трева изникната во реката на потегот меѓу Општината и Ректоратот, непосредно пред Пожарната. Околу него се збираат муви, а ќе почне да се шири и реа.

    Комуналните служби не беа достапни за информација кога е ја соберат мршата.

    Ж. ЗДРАВКОВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира