МВР ГО ИЗВЕСТИ ОБВИНИТЕЛСТВОТО ДЕКА ИМА ОСНОВ ДА СЕ СОМНЕВА КОЈ ГРАДИ НА ДИВО КАЈ МАВРОВКА

    МВР ГО ИЗВЕСТИ ОБВИНИТЕЛСТВОТО ДЕКА ИМА ОСНОВ ДА СЕ СОМНЕВА КОЈ ГРАДИ НА ДИВО КАЈ МАВРОВКАПоднесено е известување како компилација или извештај од сѐ што е превземено од наша страна и со соодветни докази кои што упатуваат на постоење на основи на сомнение за можниот сторител на кривичното дело ‚бесправно градење‘“, велат од МВР, но не кажуваат која е фирмата за која постојат сомневање. (Фото: К.Попов)

    Министерството за внатрешни работи има основани сомневања кој е можниот градител на дивоградбата пред ТЦ „Мавровка“. Од МВР испратиле известување до Основното јавно обвинителство во кое ги известуваат што сѐ презеле до сега во врска со овој случај и соодветните докази кои ги прибавиле и упатувале на тоа кој може да ја го гради објектот.

    „Единица за економски и компјутерски криминал при Бирото за јавна безбедност, изминатиов период применувајќи ги неопходните мерки и активности од делокругот на својата надлежност, интензивно работеше во насока на утврдување на постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ‘бесправно градење‘ во реонот на ТЦ ‚Мавровка‘ кое што се гони по службена должност по чл. 244-а од Кривичниот законик. Поднесено е известување како компилација или извештај од сѐ што е превземено од наша страна и со соодветни докази кои што упатуваат на постоење на основи на сомнение за можниот сторител на кривичното дело ‚бесправно градење‘“, велат од МВР.

    Од МВР не кажуваат кој е инвеститорот и фирмата за која од нивната истрага постојат докази и сомневање дека ја гради дивоградбата кај „Мавровка“.

    Градоначалникот на Општина Чаир Висар Ганиу под чија надлежност е издавање на градежни дозволи и уривање на дивоградби исто така не знае кој гради на диво пред ТЦ „Мавровка“. Кога ги испратил градежните инспектори на градилиштето имало само работници и никој од нив не кажувал кој е инвеститор. Затоа тој решението за уривање за непознат сторител го објави во Службен весник.

    Дивоградбата за која Ганиу вели дека ќе се урива, не може да се урне бидејќи Општината не може да избере фирма за уривање. Првиот тендер пропадна бидејќи не се јави ниту една фирма, а вчера беше објавен нов, втор повик.

    А. АНТЕВСКА

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари