НЀ ПОКАНИВТЕ 24 ЧАСА ПРЕД НАСТАНОТ ВО РАБОТЕН ДЕН ДА ДОЈДЕМЕ ВО ДРИСЛА, МУ ОДГОВОРИЈА ЕКОЛОГИСТИТЕ НА ГРАД СКОПЈЕ

    НЀ ПОКАНИВТЕ 24 ЧАСА ПРЕД НАСТАНОТ ВО РАБОТЕН ДЕН ДА ДОЈДЕМЕ ВО ДРИСЛА, МУ ОДГОВОРИЈА ЕКОЛОГИСТИТЕ НА ГРАД СКОПЈЕНа депонијата „Дрисла“ денеска беше промовиран филтерот за печката на медицински отпад кој ги апсорбира штетните честички кои се испуштаат во воздухот.(Фото: Ѓ.Личовски)

    Не дојдовме на отворениот ден на „Дрисла“ оти нѐ поканивте 24 часа пред настанот кој се одржува во работен ден, реагираа дел од невладините организации на изјавата од Град Скопје дека никој од нив не се одзва на поканата за посета на депонијата.

    „Соопштение пративте помалку од 24 саати пред настанот, и очекувате некој да ви дојде на вашиот отворен ден? Учтиво ви спомнавме дека треба порано да кажувате, но вие се дрзнавте јавно да нѐ прозивате дека ние сме за нигде“ им одговори на градските власти активистот Горјан Јовановски, на својот фејсбук профил.

    По изјавата од Градот дека за еко-активистите бил организиран и автобуски превоз од граѓанската иницијатива „Скопје смог аларм“ реагираа дека не може вработен човек да присуствува во работен ден на таканаречен Отворен ден во 10.30 часот.

    „Една педа да имате од нашата искрена борба за чист воздух ќе ви биде повеќе од доволна да знаете дека сме киснеле по општини, улици и од срце се боревме. Едно е вашето неисполнување на основниот постулат на вашата кампања која се базираше само на чист воздух, а сосема друго е дали може еден вработен човек да присуствува на отворен ден. Не гледам проблем. Ако вие ги завршите вашите обврски кон народот зошто се мечувате со еко-организациите? Не кревајте рака на оние кои неуморно работат на подигање на свеста кај народот, а за возврат не добиваат работни позиции во Владата“, реагираа, од „Скопје смог аларм“.

    На депонијата „Дрисла“ денеска беше промовиран филтерот за печката на медицински отпад кој ги апсорбира штетните честички кои се испуштаат во воздухот. Печката која од 2000 година согорува медицински отпад на депонијата досега немаше филтер.

     

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира