НА ГРАД СКОПЈЕ И „ЛАЈКА“ ИМ ДАВАМЕ ПАРИ, А ТИЕ НИШТО НЕ РАБОТАТ, ВЕЛИ МУЦУНСКИ ОТКАКО ГЛУТНИЦА НАПАДНА ЖИТЕЛ НА АЕРОДРОМ И МУ ГО РАСТРГНА КУЧЕТО

    НА ГРАД СКОПЈЕ И „ЛАЈКА“ ИМ ДАВАМЕ ПАРИ, А ТИЕ НИШТО НЕ РАБОТАТ, ВЕЛИ МУЦУНСКИ ОТКАКО ГЛУТНИЦА НАПАДНА ЖИТЕЛ НА АЕРОДРОМ И МУ ГО РАСТРГНА КУЧЕТОДесетина улични кучиња вчера нападнаа и растргнаа куче кое неговиот сопственик го шеташе на поводник. (Архивска фотографија)

    Градот Скопје и градското претпријатие „Лајка“ немаат стратегија за справување со уличните кучиња, вели градоначалникот на Општина Аеродром Тимчо Муцунски, откако вчера глутница кучиња нападна човек и неговиот миленик. Десетина улични кучиња го нападнаа и растргнаа кучето кое неговиот сопственик го шеташе на поводник.

    „Ние, како локална самоуправа, во изминатиот период одвојуваме значителни средства од сопствениот буџет кои се префрлаат во буџетот на Градот Скопје, со цел ефикасно справување со овој проблем. Во неколку наврати, од моја страна е побарано градската администрација да преземе мерки за решавање на овој проблем. За жал, секојдневните коментари, фотографии и снимки од теренот покажуваат дека тие не успеваат да најдат решение за овој проблем кој целосно е во нивна надлежност“, вели Муцунски.

    Муцунски вели дека Општина Аеродром ќе ја преиспита одлуката со која се одвојуваат средства за оваа намена, ако актуелното раководство на Град Скопје во следниот период не успее да најде решение,

    „Искрено жалам за сите непријатности со кои се соочуваат граѓаните и токму поради тоа уште еднаш барам Градот Скопје итно да преземе мерки за соодветно решавање на овој проблем, кој за жал секојдневно ескалира“, вели Муцунски.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира