НАД 250 ДРВЈА ЗАСАДЕНИ НИЗ ВЕЛЕС

    НАД 250 ДРВЈА ЗАСАДЕНИ НИЗ ВЕЛЕСДо крајот на годината ќе се засади висока вегетација и на други локации (Фото: СДК.МК)

    На повеќе локации во Велес се засадени 250 садници на листопадни и зимзелени дрвја. Садници од туја, јасен, платан и други видови растенија се засадени во новоизградениот парк во Комплекс УЗУС, на улиците Индустриска и Благој Ѓорев, како и во Градски парк.

    „Целта е подобрување на квалитетот на воздухот на територијата на Велес и зголемување на бројот на високи садници“, велат од локалната власт.

    Најавуваат дека до крајот на годината ќе се засади висока вегетација и на други локации.

    П. ПЕЧКОВ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира