НАД 250 ВРЕЌИ ОТПАД СОБРАНИ ВО ЕКО АКЦИЈА ОД ЕЗЕРОТО МАНТОВО И ОКОЛИНАТА

    НАД 250 ВРЕЌИ ОТПАД СОБРАНИ ВО ЕКО АКЦИЈА ОД ЕЗЕРОТО МАНТОВО И ОКОЛИНАТААкцијата е на нуркачите од Охрид, екологистите од Конче и волонтерите од рудникот Боров Дол. (Фото: Општина Конче)

    Десетина нуркачи од Охрид и стотина волонтери од рудникот Боров Дол и екологисти од Општина Конче во еднодневна еколошка акција наполнија околу 250 вреќи со отпад извадено од езерото Мантово и неговата околина.

    „Ова е прва заедничка еко акција на Општина Конче и рудникот Боров Дол и прва акција на чистење на дното на езерото и секоја чест за нуркачите од Охрид, кои од Мантово извадија најразличен цврст отпад. Тие беа ангажирани од раководството на рудникот Боров Дол кој се наоѓа во непосредна близина на Мантово“, вели градоначалникот на Општина Конче Златко Ристов.

    Бројни риболовци и голем број излетници редовно, посебно за време викендите, доаѓаат на спортување и рекреација покрај езерото кое се наоѓа во Општина Конче и меѓу општините Штип и Радовиш.

    Т. ЈОВАНОВСКИ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира