Меѓународниот олимписки комитет му додели награда на „Малиот битолски Монмартр“ за афирмација на спортот преку уметноста.„ Монмартр“ цели 25 години твори на теми позврани со Олимпијадата и до сега организирал изложби на пет Летни олимпијади. Одлуката да им се додели награда беше донесена во 2014 од комитетот со седиште во Лозана, а им беше врачена годинава откако летото детското ликовно студио гостуваше Рио. Наградата на годишното собрание на Македонскиот олимписки комитет им ја врачи претседателот на МОК, Васил Тупурковски.
„Ова е висока признание за ‘Монмартр’ и за децата од целиот свет кои своите инспирации ги преточија во прекрасни цртежи што ги красеа Олимпијадите ширум светот. Досега сме учествувале на пет Олимпијади, а во олимписките села сме изложиле над 4.000 детски цртежи“, вели Коста Хаџиантоновски, творецот на „Малиот битолски монмартр“.
Со изложби „Монмартр“ гостуваше на Летните олимпијади во Сиднеј 2000, Атина 2004, Пекинг 2008, Лондон 2012 и годинава во Рио де Женеиро.