НАГРАДАТА „ПЕТРЕ ПРЛИЧКО“ Е НЕКОЈА КОМУНИКАЦИЈА ПОМЕЃУ МЕНЕ И ДЕДО МИ, КАЖА ДОБИТНИКОТ ИГОР ЏАМБАЗОВ

    НАГРАДАТА „ПЕТРЕ ПРЛИЧКО“ Е НЕКОЈА КОМУНИКАЦИЈА ПОМЕЃУ МЕНЕ И ДЕДО МИ, КАЖА ДОБИТНИКОТ ИГОР ЏАМБАЗОВЏамбазов вели дека ова му е една од најдрагите награди во животот (Фото: СДК.МК)

    Денот кога ја добив актерската награда за животно дело „Петре Прличко“ беше најсреќниот во мојот живот, заедно со моментот кога ја запознав Илина, љубовта на мојот живот, кажа Игор Џамбазов, примајќи ги плакетата со ликот на Прличко и паричната награда од 30.000 денари.

    Откако ми соопштија дека сум добитник на наградата, прво си реков, да не е незгодно. Познат е менталитетот на нашите луѓе, ќе излезе дека мојата фамилија ми ја дала наградата мене. Нема со што да ја споредам таа доза на радост и среќа, како да му се одолжувам на дедо ми што не сум направил нешто додека бил жив. Верувам во судбина, ова е некоја комуникација помеѓу него и мене, можеби и повеќе“, рече Џамбазов.

    Тој призна дека оваа и наградата посветена на мајка му „Анче Џамбазова“, што пред некоја година ја доби на фестивалот „Гола месечина“ во Скопје, му се најдрагите во животот. Ја отвори душата и искрено кажа како му минал досегашниот живот.

    Тие што ги читале моите книги знаат дека во животот сум се појавувал во неколку животински облици. Кога бев млад актер, бев петле. Скока, мисли дека сè знае. Потоа стануваш посериозен актер и тогаш си мајмун. Откако ќе ги споиш театарот, алкохолот, жените, забранетите супстанци и комарот, стануваш свиња. Неколку жени во животот ме направија магаре. И така со гордост ја примам оваа награда за животни“, рече Џамбазов.

    Тој ја откри и тајната на потписот на неговиот дедо „5РЕ“, по кој е именуван нов театарски фестивал во Велес.

    Тоа беше за време на снимањето на играниот филм ‘Македонскиот дел од пеколот‘, во кој и двајцата настапувавме, во далечната 1970 година. На црно-белите картички со негови фотографии, направени од ‘Вардар филм‘ бидејќи Петре беше голема ѕвезда, на сите им се потпишуваше со ‘5-ре‘. Тоа беше негова измислица. Ме прашуваат што ти остави дедо ти, куќи, пари, палати. Од каде бе луѓе глумец толку пари? Ми остави нешто што со пари не се плаќа – талентот. Детето од Којник, момчето кое било и цар и војник, мајстор за вардарски бојник (вид риба), ме прогласија за негов двојник. Петре, Петре, момчето од Којник“, изјави Џамбазов.

    На прашањето кога може да се очекува негово враќање на театарската сцена, Игор објасни дека по короната ќе му треба долго време на театарот да се рехабилитира, бидејќи претставите не биле играни две години и треба време да се обноват.

    П. ПЕЧКОВ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира