НАЈГОЛЕМ УВОЗ НА ОПАСЕН ОТПАД ВО МАКЕДОНИЈА Е ВО ПЕРИОДОТ 2012-2016, ВЕЛИ ЗАМЕНИК-МИНИСТЕРОТ ЗА ЕКОЛОГИЈА МАКРАДУЛИ

    НАЈГОЛЕМ УВОЗ НА ОПАСЕН ОТПАД ВО МАКЕДОНИЈА Е ВО ПЕРИОДОТ 2012-2016, ВЕЛИ ЗАМЕНИК-МИНИСТЕРОТ ЗА ЕКОЛОГИЈА МАКРАДУЛИСпоред подадоците на Министерството за животна средина, во 2017 бројката увезен отпад опаѓа, а во 2018-и немало увоз, рече заменик-министерот Јани Макрадули, при денешната посета на Велес.

    Најголем увоз на опасен отпад во земјава имало во периодот од 2012 до 2016 година, а ова го покажале бројките со кои располага Министерството за животна средина, соопшти заменик-министерот Јани Макрадули, при денешната посета на Велес. Наспроти тоа, во 2017 бројката опаѓа, а во 2018-и немало увоз.

    „Ако се погледнат податоците ќе се види дека најголем увоз на опасен отпад е случен во периодот 2012-2014 и во 2015 и 2016 година, кога јас сум бил без работа. Драстично е намален во 2017, а во 2018 не е увезен опасен отпад, никој тогаш нема добиено дозвола и нема легален увоз на опасен отпад за да се чува некаде. Компанијата Дрисла нема добиено дозвола за опасен отпад во периодот откако ние сме на оваа позиција. Во ОХИС има спремен опасен отпад кој треба да излезе од државата, кој ќе влезе и заврши во некоја западноевропска земја. Замислете тие да кажат сега ‘не примаме’. Тие имаат технологија опасниот отпад да го преработуваат и да се третира, кај нас нема“, кажа Макрадули.

    Цел на Министерството за животна средина е да ја врати довербата, дека институциите ја вршат работата.

    Потребна е ревизија на сите „А“ интегрирани дозволи, е ставот на Макрадули, прашан за Варницата во Превалец близу Велес, на чија работа жителите од околината имаат многу реакции, а таа во одреден период работеше иако немаше „А“ дозвола. Локалната власт на Велес, во повеќе наврати искажа сомнеж дека фирмата концесионер „Техно павер“ и не ги исполнува сите услови кои се предвидени со „А“ интегрирана дозвола.

    „Преземам таква обврска за ревизија, а потребен е и 24-часовен мониторинг. Но потребна е и поголема соработка помеѓу Државниот инспекторат и инспекторатите кои се за животна средина, а се на општинско ниво. Ќе направиме инспекциски надзор на емисиите на воздух, тие да бидат од независна акредитирана лабораторија за да ги увериме граѓаните што навистина се случува. Ќе направиме дополнителна вонредна контрола на обврските во рамките на интегрираната дозвола и каква е состојбата на терен“, додаде Макрадули.

    П. ПЕЧКОВ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира