НАМЕСТО ДОМА ПОСЛЕ 18 ЧАСОТ ТЕТОВЧАНИ ОДАТ НА НЕЛЕГАЛНИ ТРКИ СО АВТОМОБИЛИ

    НАМЕСТО ДОМА ПОСЛЕ 18 ЧАСОТ ТЕТОВЧАНИ ОДАТ НА НЕЛЕГАЛНИ ТРКИ СО АВТОМОБИЛИГраѓани направија фотографии на кои се гледа поголема група млади луѓе како се собрани на паркингот на бензиската пумпа на излезот од Тетово кон Скопје.(Аматерска фотографија)

    Наместо да ги почитуваат препораките да нема собирање во поголеми групи и да не се излегува од домовите после 18 часот, дел од младите од Тетово ги организираат трки со автомобили. Граѓани направија фотографии на кои се гледа поголема група млади луѓе како се собрани на паркингот на  бензиската пумпа на излезот кон Скопје.

    „Се прават трки со автомобили во правецот Тетово-Скопје после 18 часот кога се затвораат тетовските кафулиња и ресторани.  На собирите има повеќе од 100 лица иако има забрана за собири поради коронавирусот“ велат очевидците на овие настани.

    Вакви трки со автомобили на оваа патна делница не се новост за Тетово. Се организирале и порано во летните месеци ама после полноќ.

    „Запознаени сме со оваа појава. Минатата година имавме две дојави од граѓани дека на тоа место се организираат трки со моторни возила. И во двата случаи интервениравме односно полициска патрола отиде на посоченото место каде беа затекнати млади лица кои седеа, но не беа забележани трки со моторни возила. Во секој случај и понатаму ја следиме состојбата“, вели портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифовски.

    З. АНДОНОВ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира