НАПРАВИВМЕ УВИД ВО БУГАРСКИОТ КЛУБ ВО БИТОЛА ПО ПРЕТСТАВКА НА ГРАЃАНИ ЗА ДИСКРИМИНАЦИЈА, ВЕЛАТ ОД КОМИСИЈА ЗА СПРЕЧУВАЊЕ ДИСКРИМИНАЦИЈА

    НАПРАВИВМЕ УВИД ВО БУГАРСКИОТ КЛУБ ВО БИТОЛА ПО ПРЕТСТАВКА НА ГРАЃАНИ ЗА ДИСКРИМИНАЦИЈА, ВЕЛАТ ОД КОМИСИЈА ЗА СПРЕЧУВАЊЕ ДИСКРИМИНАЦИЈАОд бугарскиот клуб не сакаа да дадат официјална изјава, само рекоа дека увидот бил коректен и извршен врз просториите.(Фото: СДК.МК)

    Ескпратеничката Весна Бендевска, сегашен член на Комисијата за заштита и спречување на дискриминација, денес изврши увид во бугарскиот клуб „Ванчо Михајлов“ во Битола. Таа рече дека увидот е по претставка на Здружение на граѓани кое го пријавело Клубот за дискриминација, но не откри кое однесување е пријавено за дискриминирачко.

    „Ова е увид согласно член 29 од Закон за спречување и заштита од дискриминација. Работиме на претставка поднесена од Здружение на граѓани со оправдан интерес. Должни сме да ја сослушате и другата страна. Овој пат дојдовме на најавен увид од пред една недела во просториите на потенцијалниот дискриминатор, како што наведува во поднесената претставка. Комисијата не дава и не прејудицира наводи. Ќе се произнесе штом претставката заврши. Има уште неколку институции што ќе мора да ги посетиме, да пријавиме документи , потоа мислењето ќе го објавиме пред јавноста и ќе биде јавно достапно на веб-страницата’, рече Бендевска.

    За време на увидот во клубот имаше само една полицајка, а присутен беше и бугарскиот конзул во Битола Димитар Иванов. Од бугарскиот клуб не сакаа да дадат официјална изјава, само рекоа дека увидот бил коректен и извршен врз просториите.

    Во внатрешноста на клубот поставени се портрети од Ванчо Михајлов, Тодор Александров, Владо Черноземски, Мара Бунева и други контроверзни историски личности, но и на македонските војводи Гоце Делчев и Даме Груев.

    На еден од ѕидовите врамен е и извадок од текст на Михајлов во кој се негира постоењето на македонската нација. Во него пишува „Можеме да се гордееме, бидејќи знамињата на ВМРО и Илинден беа и остануваат човекови права и слободи. Значи, залудни се сите напори на маскираната македонска „нација’’ да го лаже светот’’.

    Бугарскиот клуб „Ванчо Михајлов“ беше отворен на 16 април годинава во присуство на поранешниот бугарски премиер Кирил Петков и други претставници од бугарскиот државен врз. Од отворањето тој ја бранува јавноста зашто го носи името на Михајлов кого македонскиот народ го препознава за соработник на фашистите во Втората светска војна. Па, влезната врата на клубот ја опожари познатиот пејач Ламбе Алабаковски. Клубот изгорената влезна врата ја замени со нова, но на неа го нема натписот од порано „Клуб Ванчо Михајлов ВМРО“, остана само светлечката реклама со името на Културниот центар Иван Михајлов.

    Ж. ЗДРАВКОВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира