Град Скопје денеска почна со реконструкцијата на булеварот Кочо Рацин, на потегот од „Веро Џамбо“ до крстосницата кај зградата на „Макпетрол“. Градежните работи во должина од 880 метри ќе се одвиваат во наредните 40 дена,
„Ќе го применуваме принципот на брза, експедитивна, но и квалитетна работата со цел да го намалиме сообраќајниот метеж. Станува збор за две релативно сензитивни крстосници, во центарот на градот и затоа ги замолувам граѓаните дневно да се информираат за режимот и можните застои на сообраќајот“, рече градоначалникот Петре Шилегов.
Како што најави Шилегов во наредните денови ќе стартуваат градежни работи за реконструкција на булеварот Крсте Мисирков од крстосницата кај ТЦ „Мавровска“ до поликлиниката Бит пазар, како и на улицата Павел Шатев.
А. АНТЕВСКА