Народниот театар од Битола денес ќе донира триста заштитни маски во Клиничката болница во Битола, за да придонесе за поголема заштита на здравствените работници кои се на првата борбена линија со коронавирусот. Клиничката болница во Битола е регионален центар за лекување пациенти со коронавирус од Југозападниот Регион. Покрај тоа што има еден пациент од Битола, хоспитализирани се и други од Охрид.
Од Народниот театар соопштија дека заштитните маски се направени од вредните рацете на шивачите во театарот, кои неколку дена неуморно работеле да за ги изработат. Театарџиите апелираат да се остане дома, а веќе две недели нивните претстави се прикажуват нивните на Јутјуб канал на Битолски театар.
Ж. ЗДРАВКОВСКА