НАСТАВНИЦИ СУПЕРХЕРОИ РАБОТАТ ЗА МАЛА ПЛАТА И САМИ СИ ПЛАЌААТ ПРЕВОЗ

    НАСТАВНИЦИ СУПЕРХЕРОИ РАБОТАТ ЗА МАЛА ПЛАТА И САМИ СИ ПЛАЌААТ ПРЕВОЗНставничката од бајките Весела Богдановиќ - Весе беше подвижно инфо пано на кое учесниците во работилницата ги прикачуваа испишани нивните факти зошто станале супехерои, што им смета и треба да се подобри (Фото: СДК.МК)

    Наставничката од бајките, Весела Богдановиќ – Весе деновиве се претвори во суперхерој Ентузиела Креативковска. Одделенската наставничка од училиштето во битолското село Ивањевци, која по креативните идеи ја запозна цел свет, овој пат беше вкучена во несекојдневна суперхеројска акција. Наставници со улоги на суперхерои бараа и предлагаа решенија за подобар образовен процес.

    На шега,  учесниците кажуваат дека мал дел од ова да се оствари никој министер за образование би немал проблеми со мотивација на наставниците. (Фото: СДК.МК)

    Наставничката Богдановиќ, како ментор во проектот „Со читање до лидерство“ на УСАИД, ја покажа својата креативност облекувајќи фустан како од бајките изработен од мушама. Беше на некој начин како подвижно инфо пано на кое учесниците во работилницата ги прикачуваа испишани нивните факти зошто станале супехерои, што им смета и треба да се подобри.

    „И јас ги запишав моите супермоќи. Кажав дека станав суперхерој затоа што избрав факултет според способностите и афинитетите, а не ради реда. Запишав и што ми пречи како суперхерој. А тоа се административните обврски, ниската плата, тоа што секој месец лично го плаќам превозот до училиште и назад. Патните трошоци сега се вкалкулирани во бруто платата, па и некој вработен кој живее до училиште зема 800 денари и јас која секојдневно патувам од Битола до Ивањевци“, рече настаничката Богдановиќ за САКАМДАКАЖАМ.МК.

    На работилницата чиј домаќин беше училиштето „Гоце Делчев“ во Битола учествуваа шеесетина наставници и 30 студенти од Тетово. Наставниците на креативен начин наоѓаа решенија за изработка на подобра наставна програма, инклузија на деца со посебни потреби и проблеми кои се оставени сами суперхеројски да ги решаваат. Ентузиела Креативковска во раката како волшебно стапче ја чуваше испишана нејзина визија за образованието. На шега, учесниците кажуваат дека мал дел од ова да се оствари никој министер за образование би немал проблеми со мотивација на наставниците.

    Во работилницата беа вмрежени уличиштата „Гоце Делчев“, „Стив Наумов“ од Битола и „Крсте Петков Мисирков“ од Бистрица. Ментори покрај Богдановиќ беа и Даница Алексиеска, Лулзим Мехмеди, Офелија Петреска и Лулзим Алиу.

    Ж. ЗДРАВКОВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира