Наташа Петровска, професорка во Техничкото училиште и координатор на советничката група во Советот на Општината, ќе биде кандидатка на СДСМ за градоначалничка на Битола на престојните локални избори, потврди денеска Александар Кирацовски, генералниот секретар на СДСМ кој потекнува од Битола. Тој рече дека Петровска е избрана меѓу 12 кандидати.
Ова не е првпат СДСМ да кандидира жена за градоначалничката функција, пред неколку години партијата во Битола истапи со лекарката Дијана Ѓеоргиевска, но тогаш загуби на изборите.
ВМРО-ДПМНЕ сè уште нема официјално соопштено кого ќе го кандидира за битолски градоначалник. Но, според партиски извори не е исклучена можноста и тоа да биде жена, односно истакната активистка од партијата.
Ж. ЗДРАВКОВСКА