НЕ Е ПРОДОЛЖЕН ПРИТВОРОТ ЗА ЛАМБЕ АЛАБАКОВСКИ, ОДЗЕМЕН МУ Е ПАСОШОТ

    НЕ Е ПРОДОЛЖЕН ПРИТВОРОТ ЗА ЛАМБЕ АЛАБАКОВСКИ, ОДЗЕМЕН МУ Е ПАСОШОТПејачот Ламбе Алабаковски на четврти јуни го потпали бугарскиот клуб „Ванчо Михајлов“ во Битола при што изгоре везната врата. (Фото: СДК.МК)

    Истече притворот за македонскиот поп пејач Ламбе Алабаковски, кој на четврти јуни го потпали бугарскиот клуб „Ванчо Михајлов“ во Битола при што изгоре везната врата. Не му е продолжен притворот за кривичното дело предизвикување на општа опасност за кое се товари. Но, како што рече неговиот адвокат Дарко Стефановски, како мерка на претпазливост одеземен му е пасошот.
    Алабаковски беше упасен на седми јуни, а два дена по изрекувањето на мерката притвор таа беше преиначена во куќен притвор.

    Додека тој беше притворен во Битола, во организација на Левица, а поддржано од други граѓани, се одржа протест за негова слобода.

    Влезната врата на бугарскиот клуб во Битола и натписот „Ванчо Михајлов“ беа запалени утрото пред работната средба на бугарската министерка за надворешни работи (сега во оставка) Теодора Генчовска со колегата од Македонија, Бујар Османи во Скопје.

    Според истрагата, обвинетиот на местото дошил со велосипед, истурил бензин на влезот, ставил фитил и го запалил. Од огнот изгореа само влезната врата и натписот, а не беше предивикана материјална штета внатре.

    Од отворањето на клубот, името „Ванчо Михајлов“ битолчани го сметаат за провокација, зашто во град кој дал 8 народни херои нема место за приврзаник на фашистичкиот режим како Михајлов.

    Ж. ЗДРАВКОВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира