НЕ Е ЗГОЛЕМЕН БРОЈОТ НА ГРАЃАНИ КОИ СЕ ВОЗЕЛЕ СО АВТОБУС ОТКАКО БЕА ВОВЕДЕНИ МЕРКИ ПРОТИВ ЗАГАДУВАЊЕТО

    НЕ Е ЗГОЛЕМЕН БРОЈОТ НА ГРАЃАНИ КОИ СЕ ВОЗЕЛЕ СО АВТОБУС ОТКАКО БЕА ВОВЕДЕНИ МЕРКИ ПРОТИВ ЗАГАДУВАЊЕТОЕден ден бесплатен превоз го чини претпријатието 7,3 милиони денари. (Фото: СДК.МК)

    Не е зголемен бројот на патници во автобусите на ЈСП „Скопје“ откако беше воведен бесплатниот превоз како мерка против аерозагадувањето. Од ЈСП велат дека немаат точни податоци, но според ситуацијата на терен ретко кој се одлучил да користи јавен превоз наместо автомобил.

    „Не располагаме со точен број на патници кои ја искористија можноста за бесплатен јавен превоз, со оглед на тоа дека бројот на патници го евидентираме по валидации со ‘Скопска’, а во случајов, патниците не се валидираа. Но, од увидот на терен и по кажувањето на возачите, бројката на превезени патници во режимот на бесплатен превоз е незначителна“, велат од ЈСП „Скопје“.

    Еден ден бесплатен превоз го чини претпријатието 7,3 милиони денари.

    Оваа сезона бесплатен превоз беше воведен во понеделникот и траеше ден и половина, откако денеска на пладне беше укинат поради намалување на загадувањето.

    А. АНТЕВСКА

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира