НЕ МОЖЕ „НЕ“, ДРЖАВНИОТ ГРАДЕЖЕН ИНСПЕКТОРАТ МОРА ДА ПОСТАПИ ЗА ДИВИТЕ ПЛАТФОРМИ НА МАТКА, КАЖА МИНИСТЕРОТ СУГАРЕСКИ

    НЕ МОЖЕ „НЕ“, ДРЖАВНИОТ ГРАДЕЖЕН ИНСПЕКТОРАТ МОРА ДА ПОСТАПИ ЗА ДИВИТЕ ПЛАТФОРМИ НА МАТКА, КАЖА МИНИСТЕРОТ СУГАРЕСКИМинистерот Сугаревски вели дека според членовите 145 и 149 од Законот за градење доколку не постапува Општината тогаш Државниот градежен инспекторат ги презема сите надлежности. - Сугарески и вицепремиерот Анѓушев денеска при обиколката на пругата Куманово-Бељаковце. (Фото: СДК.МК)

    Ако Општина Сарај не ги урива дивите платформи на Матка, тогаш Државниот инспекторат за градежништво и урбанизам мора да постапи, рече денеска министерот за транспорт и врски Горан Сугарески.

    Откако во четвртокот Државниот инспекторат за градежништво се прогласи за ненадлежен за Матка оти станувало збор за платформи и монтажни објекти кои биле од локално значење, министерот Сугарески вели дека тоа не е точно. Според членот 145 и 149 од Законот за градење доколку не постапува Општината тогаш Државниот градежен инспекторат ги презема сите надлежности.

    „Ниту како човек, ниту како министер нема да прифатам дека институциите немаат надлежности, она што низ јавноста провејува овие денови. Јас побарав од Државниот градежен инспекторат да ја испита комплетно работата. Според Законот за градба ако овластениот градежен инспектор во Општина Сарај не постапува, тогаш градежниот инспекторат од Државниот градежен инспекторат на Република Северна Македонија го испраќаме таму на лице место да ја констатира ситуацијата. Врши увид во работата дали постапил или не инспекторот на Општина Сарај. Доколку не постапил со записник се известува Министерството за транспорт и врски и тоа назначува инспектор кој понатаму постапува до извршување. Така да работата е тука многу јасна, согласно надлежностите во наредниот период ќе биде постапувано“, изјави денеска министерот за транспорт и врски Горан Сугаревски, при обиколката на пругата Куманово- Бељаковце во селото Шупли Камен.

    Градоначалникот на Сарај Блерим Беџети не ги урива дивоградбите во Матка и најави дека ќе бара правно решение за нив.

    Кањонот Матка е заштитено подрачје од трета категорија и е прогласен за споменик на природата. Тоа значи дека не се дозволени активности кои би ја загрозиле неговата автентичност.

    С. НИКОЛИЌ

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари