Да не се пали оган на отворено и да не се прави скара на излетничките места, апелираат од Град Скопје. Градските власти велат дека во пресрет на Меѓународниот ден на трудот 1 Мај, ги исчистиле видиковците, јавните зелени површини на излетничките места и во парковите.
„Апелираме до граѓаните, при посетата на излетничките места, како и на градските паркови, да се придржуваат на комуналниот ред и воспоставените забрани за палење оган и приготвување скара на отворени површини, да не фрлаат отпад и да не ја оштетуваат поставената урбана опрема“, велат од Град Скопје.
Казната за палење оган на отворено според Законот за јавна чистота е 50 евра.
А. АНТЕВСКА