НЕГОТИНЧАНИ ОСТАНАА БЕЗ ШВАЛЕРСКО ГНЕЗДО, СКОПЈАНИ НЕНАМЕРНО ЈА ЗАПАЛИЛЕ ГОЦЕВА ШУМА

a:1:{s:16:"td_post_template";s:22:"single_template_civica

    НЕГОТИНЧАНИ ОСТАНАА БЕЗ ШВАЛЕРСКО ГНЕЗДО, СКОПЈАНИ НЕНАМЕРНО ЈА ЗАПАЛИЛЕ ГОЦЕВА ШУМА

    Швалерското гнездо или Оазата на љубовта во Неготино, како што вообичаено меѓу тиквешани се вика Гоцевата шума околу која со години се плетат најразлични швалерски и љубовни приказни, било запалено од скопјани кои невнимателно сечеле со брусилка. Како што информираше МВР, деновиве неготинската полиција им поднела кривична пријава оти предизвикале штета од над 33 милиони денари.

    Во местото за кое се врзуваат бројни догодовштини на наивна и крадена љубов, а  во изминатите 44 години се слават празници и се оди на пикник, во август беше предизвикан пожар. Огнот зафати површина од околу 100 хектари. Пламените јазици голтнаа околу 30 хектари борови дрвја. Изгореа трева и меѓи, но зафатени беа и лозови насади.

    Според официјалната информација од МВР, Полициската станица од општа надлежност од  Неготино поднела  кривична пријава против двајца скопјани поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „предизвикување шумски пожар од небрежност“. Тие во август во кругот на винарска визба во атар на селото Курија при изведување градежни работи со брусалка сечеле дебели метални профили. Од искрите се запалила сувата трева, а потоа и шумата. Пријавените се обиделе да го изгасат пожарот.

    Гаснењето на пожарот траеше дваесетина часа. Го гасеа педесетина луѓе, триесетина работници на подружницата, како и неготински и кавадаречки пожарникари.

    Површината на која денес се наоѓа Гоцевата шума била пошумена есента 1972 година,  во чест на 100 годишнината од раѓањето на Гоце Делчев. Тоа бил државен проект на Инвестицискиот фонд за пошумување на голините. Биле пошумени околу 350 хектари површина со зимзелени и листопадни дрвја, црн бор, маслинка, чемпрес и кедар.

     

     

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира