НЕГОТИНО ЗАБРАНИ КОРИСТЕЊЕ НА ЈАВНИ ПОВРШИНИ, КАКО И ПРОДАВАЧИ НА ГРАДСКИОТ ПАЗАР КОИ НЕ СЕ ЖИТЕЛИ НА ОПШТИНАТА ПОРАДИ ЗГОЛЕМЕНИОТ БРОЈ СЛУЧАИ НА КОВИД-19

    НЕГОТИНО ЗАБРАНИ КОРИСТЕЊЕ НА ЈАВНИ ПОВРШИНИ, КАКО И ПРОДАВАЧИ НА ГРАДСКИОТ ПАЗАР КОИ НЕ СЕ ЖИТЕЛИ НА ОПШТИНАТА ПОРАДИ ЗГОЛЕМЕНИОТ БРОЈ СЛУЧАИ НА КОВИД-19Забраната за користење на јавните површини се однесува на паркови, спортски терени, паркот Спомен костурница, клупите од Градскиот плоштад. (Фото: СДК.МК)

    Општина Неготино за заштита од ширење на ковид заразата, донесе сет мерки на вонредната седница на Советот на општината. Донесена е одлука за забрана на продажба на производи на Градскиот пазар, за лица кои не се жители на Неготино како и забрана на користење на јавните површини. Овие две мерки се применуваат уште од денес, сабота.

    „Целта е заштита и спречување на ширењето на коронавирусот во нашата општина“, соопшти Тони Делков, градоначалник на Општина Неготино.

    Тој појаснува дека забраната за користење на јавните површини се однесува на паркови, спортски терени, паркот Спомен костурница, клупите од Градскиот плоштад. На Градскиот пазар е дозволена продажба исклучиво на земјоделски производи, додека забраната за користење на јавни површини не се однесувала на летните тераси од угостителските објекти во Неготино, а забрана за користење на спортските терени е за рекреативците, не и за спортистите. Затоа пак Општинскиот кризен штаб од неготинската полиција и пазарниот инспекторат побара засилена контрола на угостителските објекти во градот и дали се почитуваат протоколите за работа и мерките за заштита од ковид-19.

    Заклучно со вчера, петок во Неготино имаше 305 активни случаи, за пет дена од неделава беа регистрирани 134 новозаразени. Општинскиот кризен штаб на Неготино, вчера побара и прогласување на полициски час во Неготино, што денес на прес-конференција министерот за здравство, Венко Филипче го отфрли, со образложени дека не се потребни локални полициски часови. Таква мерка побара и Општинскиот кризен штаб на Гевгелија. Затоа пак Филипче го вброи Неготино во петте градови во земјава, каде зголемениот број новозаразени се должи на британскиот вирус над 70 отсто.

    П. ПЕЧКОВ

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира