НЕГУВАТЕЛКА И 13 ДЕЦА ВО ИЗОЛАЦИЈА ОТИ ВОСПИТУВАЧКА ВО БИТОЛСКА ГРАДИНКА Е ПОЗИТИВНА НА КОВИД-19

    НЕГУВАТЕЛКА И 13 ДЕЦА ВО ИЗОЛАЦИЈА ОТИ ВОСПИТУВАЧКА ВО БИТОЛСКА ГРАДИНКА Е ПОЗИТИВНА НА КОВИД-19Во градинката „Коца Василева“ и пред три недели имаше друг случај на негувателка позитивна на ковид-19, а пет деца и петмина вработени без ставени во изолација. (Фото: СДК.МК)

    13 деца на претшколска возраст и една негувателка од градинката „Коца Василева“ во Битола се во изолација, откако е потврдено дека воспитувачката од таа група е позитивна на коронавирус. Станува збор за истата градинка каде пред три недели имаше друг случај на негувателка позитивна на ковид-19, кога пет деца и петмина вработени без ставени во изолација.

    Снежана Тодоровска, директорка на градинката „Мајски цвет“ под чија надлежност е и „Коца Василева“,  вели дека двата случаи немаат никаква поврзаност еден со друг и дека и воспитувачката како и негувателката претходно се заразиле од надворшен фактор.

    „Сопругот на воспитувачката имал контакт со позитивно лице и уште во четвртокот таа ни јави, па веќе не доаѓаше на работа. Во саботата ги тестираа и двајцата се позитивни и се во изолација. Надворешен контакт е во прашање, а не во градинката. Тука се почитуваат сите протоколи, негувателките и воспитувачките носат задолжително заштитни маски. Но поради внимателност, 13 деца се во домашна изолација како и негувателката од истата група“, рече Тодоровска.

    Градинката „Коца Василева“ продолжува со работа, а деновиве на работните обврски се враќа и негувателката која во првата половна на септември имаше ковид-19 и ја надмина болеста.

    Ж. ЗДРАВКОВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира