НЕМА ДА БИДЕ ТЕШКО ДА СЕ СОБЕРАТ 61 ПОТПИС, ВЕЛИ АМБАСАДОРОТ НА ЕУ ЖБОГАР

a:2:{s:16:"td_post_template";s:22:"single_template_civica";s:9:"td_source";s:47:"Радовиш,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    НЕМА ДА БИДЕ ТЕШКО ДА СЕ СОБЕРАТ 61 ПОТПИС, ВЕЛИ АМБАСАДОРОТ НА ЕУ ЖБОГАР

    Амбасадорот на ЕУ во Македонија Самуел Жбогар изрази оптимизам дека ќе се соберат потребните 61 потпис за формирање Влада, откако претседателот Ѓорге Иванов побара да му се донесат потписи како доказ за мнозинство во парламентот пред да го даде мандатот. Жбогар ова денеска го кажа во Радовиш, кадешто заедно со австриската амбасадорка Ренате Коблер, ја посетија изградбата на пречистителната станица за што ЕУ додели околу 5 милиони евра

    „Ние како ЕУ го надгледуваме самиот процес, сите политички партии треба да бидат длабоко посветени на агендата кон ЕУ. Ние мислиме дека нема да биде тешко да се соберат 61, па дури и повеќе од 61 потпис. Важно е новата Влада да биде посветена на реформите. Значи потребна е коалиција за реформи и затоа мислиме дека нема да биде тешко да се соберат потребните потписи за коалиција која ќе биде посветена на реформите за ЕУ“, рече Жбогар  (В.Т.)

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира