Сместувањето и услугите во Домот за стари лица „Сју Рајдер“ во Битола“ нема да поскапат за 65 проценти, како што побара управата. Зголемување на цената за 5.600 денари побара управата на Домот со образложение дека другите производи и услугите се зголемни, па кај нив со сегашните цени за сместување на пезнионерите расходите се поголеми од приходите. Сместувањето чини 9.711 денари за подвижни лица, а 11.737 денари за неподвижни, со корекциите цените ќе достигнеа до 14.000 со 16.000 денари.
Мозинството советници од СДСМ и коалицијата, Поинаку, Левица на вчерашната седница на Советот гласаа воздржано сметајќи дека ова е одеднаш големо покачување, оставајќи простор да се разгледаат анализи и за тоа да се разговара понатаму. „За“ прелогот гласаше само ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата со обраложение ако не се прифатат новите цени, тоа ќе се одрази врз квалитетот на услугите.
„Цените не се коригирани од 2013 година, ако се зголемувале етапно, тоа немало да биде толкаво. Вработените работеле прекувремени саати, сменски, а никој тоа не го исплаќал, за сега домот да плаќа енормно големи суми. Судски трошоци во моментот имаме 2,2 милиони денари. Во 2019 година плаќавме 1,5 милиони денари за струја, а сега над 3 милиони, за млеко и млечни производи 700 илјади денари, а сега 1,5 милиони денари. Приходите се 1, 4 милиони денари, а расходите 2,2 милиони денари. Ќе бидеме во состојба да го скратиме 24-часовното затоплување, дел од намирниците, оваа година ги намаливме работниците кои ја одржуваа хигиената, лекарите-специјалисти. Ако не се изгласа цената ќе бидеме приморани да не примаме нови корисници, да им кажеме на семејствата дека ќе се направи рестрикција на некои услуги“, рече директорката Марина Крстиќ.
Советничката од СДСМ Мирјана Захариевска-Ралевска изјави дека не се против покачување на цената, но не одеднаш во толку висок износ. Побара детална анализа за која би разговарале и праша зошто пред два месеца, односно пред избори, кога била доставена позитивна завршна сметка на Домот, не се побарало покачување на цената.
Претседателската на Советот Габриела Илиевска од независната иницијатива Поинаку рече дека е неприфатливо зголемување на цената приближно сто евра месечно по лице и дека не е во ред да се игра со емоциите на нејосетливата категорија граѓани, претставувајќи го Советот како џелат кој ќе им го намали квалитетот на услугите. Напротив, рече таа, може да се побара субвенционирање на Домот како што Општината им поимагала досега на јавните претпријатија.
„Ве молам да ги поштедиме луѓето кои се засегнати од ова прашање, нема да дозволи никој да пропадне ‘Сју Рајдер“ и да се укинат какви било услуги. Се согласувам дека можеби треба да се направи корекција на цените, но не во оваа висина. Општина Битола може да обезбеди субвенционирање, бидејќи сведоци сме се даваат пари за сешто, па како што сме субвенционирале и други јавни претпоријатија, можеме и ‘Сју Рајдер’. Немам намера да кренам рака за 5.600 денари поскапување. Тоа е голема сума на пари. Ако на некој пензионер му остануваат пари зошто да не ги искористи да живее подостоинствено. Не треба да донесме одлука сѐ што му следувало, дополнително да му го земеме“, рече Илиевска.
Ж. ЗДРАВКОВСКА