НЕМА ДА СЕ ИЗНАЈМУВААТ ПЛАЖИ И ПОДВИЖНИ ШАНКОВИ НА ЕЗЕРО МЛАДОСТ ОТИ НИВОТО НА ВОДАТА Е ВИСОКО

    НЕМА ДА СЕ ИЗНАЈМУВААТ ПЛАЖИ И ПОДВИЖНИ ШАНКОВИ НА ЕЗЕРО МЛАДОСТ ОТИ НИВОТО НА ВОДАТА Е ВИСОКОСо пролетните врнежи од дожд, плажата на брегот на езеро Младост што требаше да се издаде под концесија беше под вода поради што невозможно е да се реализира одлуката.(Фото:СДК.МК)

    Плажите покрај езерото Младост во Велес нема да се изнајмуваат оваа сезона. И угостителите и гостите очекуваа дека ова лето на Велешко езеро ќе имаат поголем понуда и подобра забава. Пролетва Советот на Општина Велес донесе одлука за издавање на неколку плажи покрај езерото, како и подвижни шанкови на истиот простор. Но, иако летото веќе е во полн ек одлуката не е реализирана. Од Општината велат дека нивото на езерото е високо и затоа не е можно плажите да се изнајмуваат.

    „Со пролетните врнежи од дожд, плажата на брегот на езеро Младост што требаше да се издаде под концесија беше под вода поради што невозможно е да се реализира одлуката на Советот на Општина Велес. Стручни лица на општина Велес по спроведен увид на терен ќе дадат свое мислење и врз основа на тоа ќе се пристапи кон реализација на огласот за изнајмување на плажата“, соопштија од Општината.

    Според мерењето на квалитетот на водите од рекреативните центри, околу Велес, единствено водата на езеро Младост ги исполнува бактериолошките и хемиските параметри. На ова езеро како гости доаѓаат и посетители од Скопје и Свети Николе. Температурта на водата, која ја мери концесионерот ЈВП „Лисиче“ деновиве изнесува 31 степен.

    П. ПЕЧКОВ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира