НЕМА ПАТНИЦИ ВО КОЛАТА ШТО ПОЖАРНАТА ЈА ИЗВЛЕКУВА ОД ВАРДАР

    НЕМА ПАТНИЦИ ВО КОЛАТА ШТО ПОЖАРНАТА ЈА ИЗВЛЕКУВА ОД ВАРДАРСпоред изјавите на очевидци колата паднала во Вардар кај ресторанот ‘Жабар’ односно кај зградата на Владата.- (аматерска фотографија)

    Кола во моментов се наоѓа  во реката Вардар, во делот меѓу Камениот мост и мостот Око во центарот на Скопје. Колата е заглавена меѓу фонтаните, а екипи од Бригадата за противпожарна заштита се обидуваат да го извадат возилото од водата.

    Како што велат од Пожарната за САКАМДАКАЖАМ.МК во колата нема патници.

    „Според изјавите на очевидци колата паднала во Вардар кај ресторанот ‘Жабар’ односно кај зградата на Владата. Информациите кои ги имаме од граѓани се дека девојка ја возела колата по кејот каде е забрането движење на возила односно во делот за пешачење и рекреација. Во еден момент колата паднала во Вардар, но не се знае кога девојката го напуштила возилото. Колата сеуште е со запалени фарови“, велат од Бригадата за противпожарна заштита.

    А. АНТЕВСКА

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари