НЕМА ПРЕЧКИ ВО УЧИЛИШТАТА ФАКУЛТАТИВНО ДА СЕ ИЗУЧУВА БУГАРСКИОТ ЈАЗИК ВО ДУХОТ НА ДОБРОСОСЕДСТВОТО, РЕЧЕ ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА ШТИП НИКОЛОВ НА СРЕДБАТА СО БУГАРСКИОТ АМБАСАДОР АНГЕЛОВ

    НЕМА ПРЕЧКИ ВО УЧИЛИШТАТА ФАКУЛТАТИВНО ДА СЕ ИЗУЧУВА БУГАРСКИОТ ЈАЗИК ВО ДУХОТ НА ДОБРОСОСЕДСТВОТО, РЕЧЕ ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА ШТИП НИКОЛОВ НА СРЕДБАТА СО БУГАРСКИОТ АМБАСАДОР АНГЕЛОВГрадоначалникот на Штип Сашко Николов и бугарскиот амбасадор Ангел Ангелов на денешната средба. (Фото: СДК.МК)

    „Во духот на добрососедството и подобрата комуникација со Бугарија, дадов предлог дека нема ништо против во нашите училишта факултативно да се изучува бугарскиот јазик, бидејќи секој јазик кој што е познат и присутен преставува основна комуникација меѓу народите“, рече градоначалникот на Штип Сашко Николов по денешната средба со бугарскиот амбасадор Ангел Ангелов кој го посети градот.

    Николов рече дека со Ангелов имале плодна средба затоа што разговарале за повеќе заеднички погранични проекти, за разни инвестиции кои ќе значат развој и на двете држави, но и за соработката меѓу градовите.
    Бугарскиот амбасадор, како што самиот вели, е оптимист за спорот меѓу Македонија и Бугарија, при што најважно е да се врати довербата меѓу народите.

    За тоа дали во Бугарија се санкционира говорот на омраза Ангелов рече: „Емоциите кои што постојат и кај двете страни треба да се намалат и да влеземе во еден прагматичен дијалог кој ќе го острани целокупниот говор на омраза“.

    Ангелов кој во името на бугарската амбасада додели 30 пакети на социјално загрозени семејства во Штип.

    На 17 декември во Брисел, во завршниот текст на заклучоците на заклучоците на Советот на ЕУ за процесот на асоцијација и стабилизација на барање на Бугарија беше ставена фразата „погрешно толкување на историјата“, што беше блокирано од Чешка и Словачка кои сметаат дека тоа е штетно и ќе предизвика компликации. „Нема да дозволиме Европската унија да биде судија за нашата заедничка историја, како се идентификуваме или на кој јазик зборуваме“, кажаа тогаш во заедничка изјава чешкиот и словачкиот министер за надворешни работи, Томаш Петричек и Иван Корчок. Бугарија претходно стави вето на одобрувањето на преговарачката рамка за почеток на простапните преговори на Македонија со ЕУ бидејќи го оспорува постоењето на македонскиот јазик и идентитет, а од бугарското МНР потоа појаснија дека заклучоците на Советот за проширување на ЕУ немаат никаква врска со процесот на одобрување на преговарачките рамки Албанија и Македонија.

    Т. ЈОВАНОВСКИ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира