НЕСУДЕНИОТ ПОДАРОК ОД СУБРАТА – СПОМЕНИКОТ МАЈКА ТЕРЕЗА ОД 5,5 МИЛИОНИ ЕВРА ТРЕБА ДА Е ГОТОВ ДО АПРИЛ

НЕСУДЕНИОТ ПОДАРОК ОД СУБРАТА – СПОМЕНИКОТ МАЈКА ТЕРЕЗА ОД 5,5 МИЛИОНИ ЕВРА ТРЕБА ДА Е ГОТОВ ДО АПРИЛСпомен-плочата на локацијата за споменикот на 25 јануари, 2013 свечено ја открија тогашниот премиер Никола Груевски и индискиот бизнисмен Субрата Рој (Фото: МИА)

Грандиозниот споменик на Мајка Тереза на Плоштад Македонија во Скопје, кој ќе чини најмалку 5,5 милиони евра, треба да биде готов до април следната година, осум месеци по нејзиното прогласување за светица. Изградбата на 32 метри високиот споменик почна лани во октомври, а Министерството за култура, како носител на проектот, најави дека градењето треба да заврши за 18 месеци.

Спомен-плочата на локацијата за споменикот на 25 јануари, 2013 свечено ја открија тогашниот премиер Никола Груевски и индискиот бизнисмен Субрата Рој (Фото: МИА)

Спомен-плочата на локацијата за споменикот на 25 јануари, 2013 свечено ја открија тогашниот премиер Никола Груевски и индискиот бизнисмен Субрата Рој (Фото: МИА)

Просторот меѓу хотелот „Мериот“ и Офицерскиот дом на Плоштадот, веќе една година е заграден, а во градилиштето сега се гледа високо скеле. Според проектот, споменикот ќе биде објект со тераса и скалеста фонтана направена од карпести површини од травертин, за да личи на природна карпа. Централно, споменикот ќе има ангел со крилја, пониски од него ќе бидат четири ангели што седат и уште четири мали ангели.

Во фонтаната ќе има скулптури од бел мермер на Мајка Тереза со болно дете и родители, чесна сестра со инвалид, чесна сестра со болен што седи, чесна сестра со болен што лежи и чесна сестра со болен што седи на карпа.

Макета за 32 метри високиот споменик чија изградба почна лани во октомври

Макета за 32 метри високиот споменик чија изградба почна лани во октомври

Споменикот ќе има тераса под која ќе бидат поставени украсни скулптури, целата композиција ќе има високи столбови и украс во форма на пехар.

Скулптурата на МајкаТереза, болните деца, родителите, ангелите, чесните сестри и сите делови од споменикот ќе бидат сместени на површина од 621 квадратен метар.

Изградбата на споменикот лани почна со ноќна сеча на последните костени на Плоштадот за оформување на градилиштето, што предизвика голем револт и бурни реакции кај скопјани.

Субрата Рој вети дека на Скопје ќе му подари споменик на Мајка Тереза, од нејзината втора татковина Индија. Споменикот требаше да го донира компанијата „Сахара Индија“, која е во сопственост на Субрата, но изградбата не почна оти тој отиде во затвор во Индија, па Владата ја презеде обврската да го изгради со средства од буџетот. (Фото: МИА)

Јавноста бурно го проследи и откривањето на спомен – плочата на локацијата за споменикот, како најава за неговата изградба. Спомен-плочата на 25 јануари, 2013 година свечено ја открија тогашниот премиер Никола Груевски и индискиот бизнисмен Субрата Рој, кој вети дека на Скопје ќе му подари споменик на Мајка Тереза, од нејзината втора татковина – Индија. Споменикот требаше да го донира компанијата „Сахара Индија“, која е во сопственост на Субрата. Но изградбата на споменикот не почна, Субрата отиде во затвор оти не платил отштета на измамени инвеститори во Индија, па Владата ја презеде обврската со средства од буџетот да го изгради споменикот.

На откривањето на спомен-плочата на локацијата за споменикот, на 25 јануари, 2013 беше скоро цел државен врв: министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска, тогашниот вицепремиер Зоран Ставрески, Субрата Рој, тогашниот премиер Никола Груевски, градоначалникот на Скопје Коце Трајановски и тогашниот министер за транспорт Миле Јанакиески (Фото: МИА)

Сумата од 5,5 милиони евра е првична, без вообичаените анекси на договорот. Од досегашната пракса во градењето на објектите од „Скопје 2014“, речиси нема споменик или зграда за кој не е склучен дополнителен договор со кој се зголемила сумата за неговата изградба.

Симнете ја мобилната апликација

©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира