НЕЗАВИСНИТЕ КАНДИДАТИ ЗА ГРАДОНАЧАЛНИЦИ НА МОГИЛА И НА МАКЕДОНСКИ БРОД СЕ ОТКАЖАА ОД ВТОРИОТ КРУГ И ПРИЗНАА ДЕКА ВМРО-ДПМНЕ ИМ Е МАТИЧНА ПАРТИЈА

    НЕЗАВИСНИТЕ КАНДИДАТИ ЗА ГРАДОНАЧАЛНИЦИ НА МОГИЛА И НА МАКЕДОНСКИ БРОД СЕ ОТКАЖАА ОД ВТОРИОТ КРУГ И ПРИЗНАА ДЕКА ВМРО-ДПМНЕ ИМ Е МАТИЧНА ПАРТИЈАСе откажаа Сашо Пивковски, кандидат на група избiрачи во Општина Могила, и Милосим Војнески, исто така поддржан од група избирачи во Македонски Брод (Фото: Фејсбук)

    За два дена, двaјца независни кандидати за градоначалници се откажаa од учество од вториот круг на Локалните избори во име на нивната матична партија ВМРО-ДПМНЕ. Се откажаа Сашо Пивковски, кандидат на група избирачи во Општина Могила, и Милосим Војнески, исто така поддржан од група избирачи во Македонски Брод. Двајцата успеаја да стигнат до вториот круг, каде конкуренти им се кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ, но се откажаа.

    Од Државната изборна комисија (ДИК) посочија дека законот не препознава откажување од избирачките листи откако кандидатурата е потврден од изборните органи. Така, во двете општини ќе има прегласување во втор круг, а на листата ќе останат двајцата кандидати.

    Одлуката ја соопштија преку нивните фејсбук профили посочувајќи дека не сакаат да создаваат поделби меѓу луѓето.

    „Сфатив дека политиката не смее да создава поделби меѓу луѓето, особено не меѓу пријатели и семејства. Нашата сила е во заедништвото, не во поделбите. ВМРО-ДПМНЕ е мојата партија, мојот политички дом. Понекогаш, вистинското лидерство не се покажува само кога чекориш напред, туку и кога знаеш кога треба достоинствено да застанеш на страна, за да не му наштетиш на она што го сакаш и почитуваш“, објави Пивковски на Фејсбук на 24 октомври.

    Слична беше и пораката ден претходно, на 23 октомври, на кандидатот Војнески на социјалните мрежи.

    „ВМРО-ДПМНЕ е мојата матична партија – партија на која ѝ го посветив поголемиот дел од својот живот, уште од времето на осамостојувањето, па сè до денес. Ги разбирам сите оние кои, поради различни причини, ги поделија своите гласови дури и во рамките на семејствата, и не би сакал дополнително да ги продлабочувам тие теми“,објави Војнески.

    И двајцата кандати во нивните општини успеаја да ги претркаат противкандидатите на СДСМ.

    Сашо Пивковски, како независен, успеа да освои 1.253 гласови или 37,07 проценти од избирачите кои гласале во Могила. Со тоа изби на второ место и влезе во втор круг заедно со досегашниот градоначалник Драганчо Саботковски од ВМРО-ДПМНЕ, кој освои 49,17 проценти или 1.662 гласови. Пивковски зад себе го остави кандидатот на СДСМ Зоран Ристевски со 10,38 проценти од гласовите или 351.

    Тој е во роднински врски со Стево Пивковски, кој ја водеше Општина Могила пред два мандата односно пред 8 години. Стево стана градоначалник во 2013 кога беше еден од двајцата единствени независни кандидати во цела држава кои победија на Локалните избори. Тогашниот премиер Никола Груевски го нарече преварант, но по 4 години, во 2017, го кандидира за градоначалник на Могила од ВМРО-ДПМНЕ.

    Во Македонски Брод, Милосим Војнески, кој порано беше градоначалник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, овојпат како независен кандидат изби на второто место со 705 гласови (20,38 проценти) или само со 3 гласови повеќе од кандидатот на СДСМ Ивица Стојкоски со 702 гласа (20,29 отсто). Војнески влезе во втор круг со кандидатот од истата партија која му е матична, ВМРО-ДПМНЕ, Жарко Ристески, кој во првиот круг имаше 1.539 гласови (44,49 проценти). Откажувајќи се на половина, тој за три гласа му ја одзеде можноста на кандидатот на СДСМ да влезе во втор куг.

     

    Ж. ЗДРАВКОВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира