НИКНУВА НОВА ДИВОГРАДБА ДО ЕЗЕРОТО ВО СВЕТИ СТЕФАН КАЈ ОХРИД, УРНАТИОТ ЅИД ВО ГРАДИШТЕ ПАК СЕ ГРАДИ

    НИКНУВА НОВА ДИВОГРАДБА ДО ЕЗЕРОТО ВО СВЕТИ СТЕФАН КАЈ ОХРИД, УРНАТИОТ ЅИД ВО ГРАДИШТЕ ПАК СЕ ГРАДИНа самиот брег кај Сфети Сѕефан никнува нова дивоградбата, а се сечеа и некои од поблиските дрвја до неа. (Фото: СДК.МК)

    На самиот брег на туристичката населба Свети Стефан, меѓу охриѓани позната и како Синдикална, денес до самиот брег никнува нова дивоградбата, а се сечеа и некои од поблиските дрвја до неа. На самото место излегле инспектори од локалната самоуправа.

    „Во овој момент можеме да кажеме дека во Свети Стефан излезе инспекција која констатира дека станува за дивоградба”, ни рекоа од локалната самоуправа, без да се прецизира какви мерки ќе бидат преземени.

    Од вчера во Градиште, на местото каде што беше изграден ѕид во езерото, а потоа под притисок на јавноста беше урнат, повторно се гради.

    (Само 10 откако ѕидот в езеро во Градиште беше урнат, тој продолжи да се гради и скоро е готов. Фото: Охрид СОС)

    На 18 мај почна уривањето на нелегално изградениот ѕид кај авто-кампот во Градиште, а објектот го рушеше фирмата инвеститор „Самер тајм експорт-импорт“ од Љубаништа. Уривањето дојде само еден ден откако медумите објавија за дивоградбата, а градоначалникот Константин Георгиески кажа дека инспекторите издале налог за рушење уште пред два месеца. Само 10 подоцна ѕидот продолжи да се гради и скоро е готов. Инспекцијата и градоначалникот Георгиевски не се достапни за коментар за ова грубо кршење на законите и загрозување на Охридското Езеро.

    „Каква што е востановената практика во Општина Охрид, ако те начекаат нелегално да градиш, и евентуално се руши малку за пред камери, откако ќе помине одреден период, и очите на јавноста се вперени на друга страна, работите продолжуваат. И повторно истата состојба, фотографии од пред неколку часа, на истата локација, Градиште. Не само што не се запира, туку и се фаворизира узурпирањето”, кажаа од невладината Охрид СОС.

    Д. ЧУБРИЌ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира