НИКОЈ НЕ СЕ ЈАВИ НА ПОВИКОТ НА ОПШТИНА ВЕЛЕС ЗА КУПУВАЊЕ НА НЕКОГАШНИОТ ХОТЕЛ „ВИЛА ЗОРА“

    НИКОЈ НЕ СЕ ЈАВИ НА ПОВИКОТ НА ОПШТИНА ВЕЛЕС ЗА КУПУВАЊЕ НА НЕКОГАШНИОТ ХОТЕЛ „ВИЛА ЗОРА“Објектот е во сопственост на Општина Велес, но таа не е во состојба да се грижи за него (Фото: СДК.МК)

    Во двата обида не се продаде делот од поранешниот хотел „Вила Зора“ кој е во сопственост на Општина Велес. Почетната цена беше 70,57 милиони денари, која во вториот обид беше намалена за 10 отсто, а на продажба се нудеа 2.700 квадратни метри. Продажбата требаше да биде по пат на електронско наддавање.

    „На двата јавни повика не се јави никој, па сега просторот кој е на Општина Велес ќе се нуди за закуп, како што беше и претходно“, соопштија од локалната власт.

    Градоначалникот Аце Коцевски своевремено ја образложи одлуката за продажба со лошата состојба во која наоѓа зградата.

    „Објектот е на одлична местоположба, но подолго време не е во функција и временските прилики го оштетуваат. Општината не е во состојба да се грижи за него, ниту да го стави во функција. Од друга страна, докажано е дека јавните институции се лоши стопанственици со имотот“, кажа тогаш Коцевски.

    Еден дел од објектот државата му го отстапи на универзитетот „Св. Климент Охридски“ од Битола, кој тука го смести Техничко-технолошкиот факултет, со седиште во Велес.

    П. ПЕЧКОВ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира