НИКОЈ НЕ СЕ ПРИЈАВИЛ НА ОГЛАСОТ ЗА ПРИВАТНИ АВТОБУСИ НА ДВЕ ЛИНИИ ВО СКОПЈЕ, ТВРДАТ ПРЕВОЗНИЦИТЕ, АРСОВСКА ОДБИВА ДА ОДГОВОРИ ДАЛИ Е НЕУСПЕШЕН

    НИКОЈ НЕ СЕ ПРИЈАВИЛ НА ОГЛАСОТ ЗА ПРИВАТНИ АВТОБУСИ НА ДВЕ ЛИНИИ ВО СКОПЈЕ, ТВРДАТ ПРЕВОЗНИЦИТЕ, АРСОВСКА ОДБИВА ДА ОДГОВОРИ ДАЛИ Е НЕУСПЕШЕНГрадоначалничката Данела Арсовска, како и цела година од мандатот, и денеска не одговара и ги игнорира повиците на САКАМДАКАЖАМ.МК. (Фото: Фејсбук)

    Никој не се пријавил на огласот на Град Скопје за приватни автобуси во јавниот сообраќај на линиите 20 и 22, тврдат приватните превозници. Градоначалничката Данела Арсовска пред Нова година, откако ги раскина договорите со приватните превозници, одбивајќи да им го исплати дологот од 1,5 милиони евра,  распиша два огласа за линиите 9, 11, 12, 20 и 22. Рокот за пријавување за линиите 20 и 22 беше до 10 јануари, до кога требаше да се поднесат понудите во архивата на Град Скопје. На огласот  за линијата 20 се бараа десет автобуси и 23 возачи, а за линијата 22 десет автобуси и 21 возач.

    Како што велат приватните превозници, до вчера никој не поднел барање до Град Скопје и сега само се чека да помнине рокот од неколку дена дали ќе стигнат понуди по пошта.

    „Никој не е пријавен бидејќи долгот не е исплатен, а исто така во новиот оглас стои услов дека ќе се плаќа после 90 дена од извшената услуга. Кој ќе ѝ верува на Арсовска дека сега ќе плаќа?“, вели Ленин Јовановски, директор на „Слобода превоз“.

    Градоначалничката Данела Арсовеска, како и цела година од мандатот, и денеска не одговара и ги игнорира повиците на редакцијата САКАМДАКАЖАМ.МК. Прашања дали се пријавени превозници на огласот испративме до градоначалничката Арсовска, до Одделението за односи со јавност и до кабинетот на Арсовска. Одговори не добивме од никого. Се јавивме и на раководителкатга на Секторот за сообраќај во Град Скопје Христина Кајевиќ, назначена од Арсовска, која ни рече дека не може да одговари на нашите прашања.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира