НИКОЈ НЕЈЌЕ ДА ВДОМИ ДЕТЕ ОД УЛИЦА ВО БИТОЛА

a:2:{s:16:"td_post_template";s:22:"single_template_civica";s:9:"td_source";s:45:"Битола,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    НИКОЈ НЕЈЌЕ ДА ВДОМИ ДЕТЕ ОД УЛИЦА ВО БИТОЛА

    „Ајде, убавице дај една десетка да купам млеко за бебето и пелени.  Дај една банка да си купам парче леб, ништо не сум јадела  со денови“, моли парталава жена со бебе во рацете, свиткано во ќебе на температури под нулата, седната на плочникот среде новогодишно украсениот Широк Сокак во Битола. Околу неа има најмалку барем уште три деца. Сите просат со испружени раце. На тие што им оставаат ситниш им редат блосови „да си жив, да ти е здрава фамилијата“. Но, повеќето ги одминуваат како да не постојат. Некои се правдаат „јас не им давам ни денар, нека работат, со питање заработуваат по 1.000 денари дневно, тоа е повеќе од мојата дневница“. Во книжната кутија ,пак, пред  нив ѕирка само по некоја железна пара.

    Мајката не сака да се фотогрфира и претстави која е. Вели „ако се појавам во вести од  државата ќе ми дојдат дома, ќе не казнат оти просиме, можат и дедето да ми го земат“. Зарем ќе се преземат мерки само ако се појави во медиуми, а вака иако е на очиглед на целата јавност, исто како да ја нема?

    „Јас сум самохрана мајка, мажот ми ме напушти, ме остави со четири деца. Немам работа, а социјалната помош не стига. Зарем јас сакам вака по улици да мрзнам со бебето и децата? Заработуваме по стотина денари во денот, колку за да купиме леб. Живееме купи ден , продај. Премрзнети, гладни, болни. Од земјава бубрезите ги фрлив, децата пак кое има бронхит, кое ангина“, вели жената.

    За време на празници сиромаштијата најмногу паѓа в очи на битолски Широк Сокак. Дневно милостина од минувачите бараат најмалку десетина питачи, претежно деца. Сликите се потресни. Од една страна врвулица на граѓани погодени од празничната еуфорија, со кеси полни храна и облека. Од друга страна мајка со бебе и други помали деца просат среде улица, друга повозрасна жена со деца ги чека битолчани како изглегуваат од маркет и им бараат пари, две девојчиња  на околу десетгодишна возраст ставиле кутии пред себе и на цел глас пејат новогодишни песни, згрбавена баба оди по маси во кафулињата и моли за некој денар .

    Питачите носат искинати патики што се лизгаат на мразот, некои и поголеми од нивите стапала, навреле тенки џакети низ кои студот влегува во коски, а бебињата ги завиткале во кебиња.  Вака изгледа сјајот и бедата на Широк Сокак.

    Надлежните немаат официјална бројка колку питачи има во Битола, според невладиониот сектор, пред две години имаше 27 малолетни питачи на возраст од 3 до 16 години (Фото: СДК.МК)

    Надлежните немаат официјална бројка колку питачи има во Битола, според невладиониот сектор, пред две години имаше 27 малолетни питачи на возраст од 3 до 16 години (Фото: СДК.МК)

    Минатата година бројот на питачи беше намален по интензивните контроли на полицијата и социјалните служби. Но, тие се намножија во последните месеци. Надлежните немаат официјална бројка колку се. Според невладиониот сектор, пред две години во Битола имаше 27 малолетни питачи на возраст од 3 до 16 години. Најлошо беше во 2011, кога социјалните служби соопштија дека во градот биле регистрирани 70-мина како питаат, од кои 67 деца.

    Од Центарот за социјални работи тврдат дека преземаат интензивни контроли и мерки за сузбивање на ваквата појава, но велат дека  најголемиот дел од питачите не се од Битола.

    „Во моментов, поголемиот дел од питачите кои се во Битола се од други градови, со оглед на тоа дека имаме голема фрекфенција како погранично место со Грција. Некои знаат кога во поголем број доаѓаат грчките државјани да пазарат во Битола и тие доаѓаат тука. Жената со децата кои питаат на Широк Сокак доаѓаат од Прилеп“, вели Виолета Гаџовска, директорка на Центарот за социјални работи во Битола.

    Таа додава дека поголемиот дел од питачите се корисници на социјална помош, добивале и друга парична помош, како и додаток за трето дете.  Но, го применуваат питачењето како начин да заработат нешто плус, а при тоа вршат експоатација на детски труд.

    „Правиме редовни акции заедно со полиција. Кога почесто и поостро ќе настапиме, еден период има затишје, а потоа повторно се враќаат на улица. Мерки се преземаат со предупредувања, надзори, барања за одземање на родителско право. Но, судот ги одбива, со образложение дека немаме доволно аргументи за да дојде до одземање на родителско право“, вели Гаџовска.

    По одбивањето од судот, во повеќе битолски семејства се вршат надзори врз родителите за исполнувањето на родителското право. За судот да може да им го одземи детето на родителите кои просат, потребно е државата да создаде подобри услови за живот и помош на децата на улица. Во Битола веќе неколку години не работи Дневниот центар за деца од улица. За повторно да ги отвори вратите потребен е персонал, но и поголема заинтересираност на родителите.

    „Дневниот центар за деца на улица функционираше две и пол години со напор на персоналот кој беше во Дневниот центар за деца со ментална и телесна попреченост. Таму можеа максимум шест месеци да бидат децата. Беа згрижени дел од денот, добиваа храна, стекнаа хигиенски навики, некои се описменија. Ретко кое од тие деца се врати на улица. Но имаше и незаинтересираност од родителите,  ни велеа „спие, не сака денес да дојде“. Некои кога ќе ги вратевме од центарот дома, уште невратени службите на работа, тие ќе се најдеа на локација“, велат од Центарот за социјални работи.

    Ако некои од децата се одземат од родителите, ќе мора да се сместат по домови. Нема заинтересираност кај битолчани да бидат згрижувачки семејства.  Не постои ни интервентно семејство кое ако има потреба веднаш би прифатило хендикепирано или дете од улица на времен период,  додека не биде згрижено на друго место. Досега во Битола се згрижени само 4 деца во згрижувачки семејства, а веќе две години не се пријавило ни едно ново семејство. За разлика од Битола, во Македонски Брод се згрижени 28 деца кои останале без родителска грижа.

    Од битолската полиција не добивме одговор дали се работи за организирани групи на питачи, односно повозрасно лице да организира деца, да просат за него. До сега во јавноста не е соопштена пријава за злоупотреба и занемарување на родителско право.

    Ж. ЗДРАВКОВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира