Ексклузивниот патнички воз Венеција-Истанбул-Венеција денеска напладне мина низ железничката станица во Велес. Се состоеше од 14 патнички коли, вагони за спиење, вагони за јадење. Од што беше долг, не го собираше по целата должина на станицата.
Возот имаше пауза од 10-тина минути во Велес и потоа го продолжи патувањето до Солун и Истанбул. Синоќа патниците преноќиле во Скопје, а следното ноќевање е во Солун.
„Golden Eagle Danube Express е вашиот луксузен хотел на тркала. Распакувајте се само еднаш и сместете се во вашата добро наместена и удобна кабина додека го започнувате ова животно патување. Вашиот кабински придружник ќе биде при рака да се грижи за сите ваши потреби“, се вели во објавата за ова патување, кое е само еднаш оваа година.
Рутата на патување опфаќа посети на Венеција, Трст, Љубљана, Загреб, Сараево, Мостар, Белград, Скопје, Солун, Софија, Пловдив и Истанбул.
Возот веќе има термин и за враќање низ Велес. Тоа треба да се случи на 10 август во попладневните часови. Цената во делукс кабини за двајца е 21.500 евра, а за еден е 14.400 евра. За супер делукс кабини за двајца е 18.000 евра, а за еден е 30.000 евра. Патувањето трае 12 дена. Годинава е превидено само едно патување на оваа релација. Следната година исто така има едно патување и тоа е предвидено за октомври.
П. ПЕЧКОВ