НОРМАЛНО Е ДА ИМАМЕ РАЗЛИЧНИ СТАВОВИ, НО ЗА ГЛАВНИТЕ ПРОЕКТИ КАКО МОРАТОРИУМОТ БЕЛЧЕВА ИМАШЕ ЦЕЛОСНА ПОДДРШКА, ВЕЛИ БОГДАНОВИЌ ЗА ОСТАВКАТА НА ПРЕТСЕДАТЕЛКАТА НА СОВЕТОТ НА ЦЕНТАР

    НОРМАЛНО Е ДА ИМАМЕ РАЗЛИЧНИ СТАВОВИ, НО ЗА ГЛАВНИТЕ ПРОЕКТИ КАКО МОРАТОРИУМОТ БЕЛЧЕВА ИМАШЕ ЦЕЛОСНА ПОДДРШКА, ВЕЛИ БОГДАНОВИЌ ЗА ОСТАВКАТА НА ПРЕТСЕДАТЕЛКАТА НА СОВЕТОТ НА ЦЕНТАРБогдановиќ вели дека нормално е за одредени прашања да се има различни мислења и несогласувања, но за главните одлуки и политики на Општината со Белчева имале исти ставови и принципи по кои треба да се работи. (Фото: К. Попов)

    Градоначалникот на Општина Центар Саша Богдановиќ не знае зошто досегашната претседателката на Советот Јана Белчева-Андреевска си поднела оставка. Тој вели дека е нормално за одредени прашања да се има различни мислења и несогласувања, но за главните одлуки и политики на Општината со Белчева имале исти ставови и принципи по кои треба да се работи.

    „Најголемата одлука што ја има донесено Општина Центар е онаа за неспроведување на Деталните урбанистички планови (ДУП) или мораториумот. Со тоа сме докажале дека имаме исти ставови и исти принципи. Но, начинот на кој ние функционираме и потоа ги практикуваме одлуките гледаме да бидат во согласност со сите законски прописи. Јас не знам конкретно за кои работи не е задоволна сегашната само советничка Јана Белчева-Андреевска. Целосната поддршка ја има добиено во сите активности кои се спроведени, нормално за некои работи сме давале одредени забелешки. Имаме и останати 22 советници кои може имаат различно мислење. На крајот, јас како градоначалник сум се трудел да имам коректна соработка со сите советници“, рече денеска градоначалникот Богдановиќ, по седницата на Уставен суд на која се одби иницијативата за укинување на еден од плановите донесени во рамките на мораториумот.

    Јана Белчева-Андреевска во понеделникот си поднесе оставка од функцијата претседателка на Советот на Општина Центар бидејќи, како што напиша на Фејсбук, „не сака да биде дел од мнозинството во Општина Центар кое не е спремено за прогрес и транспарентност, туку напротив дозволува назадни, ризични, конзервативни и нетранспарентни процеси“.

    „Верував дека работата на општинските служби раководени од градоначалникот ќе бидат унапредени, а барањата на граѓаните и нивните сугестии ќе се слушаат и разгледуваат со респект“, напиша Белчева на Фејсбук.

    Белчева-Андреевска беше носителка на советничката листата на СДСМ на локалните избори во 2017 како претставник на граѓанската иницијатива „Во одбрана на Дебар Маало“, платформа која подоцна прерасна во „Здравје пред профит во Центар“. На 6 ноември 2017, беше избрана за претседателка на Советот на Општина Центар со 15 гласа „за“ од коалицијата предводена од СДСМ и со 6 воздржани од коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ.

    А. АНТЕВСКА

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира