НОВ ПАРК СО АДРЕНАЛИНСКА ВЕЛОСИПЕДСКА ПАТЕКА ПРАВИ ГРАД СКОПЈЕ ПРЕД ОЛИМПИСКИ БАЗЕН

    НОВ ПАРК СО АДРЕНАЛИНСКА ВЕЛОСИПЕДСКА ПАТЕКА ПРАВИ ГРАД СКОПЈЕ ПРЕД ОЛИМПИСКИ БАЗЕНДенеска со градежна механизација се отстрануваше тревата, а според проектот на целиот простор ќе биде заседена нова трева, дрвја и поставен систем за полевање капка по капка.(Фото: Ѓ. Личовски)

    На местото на тревникот пред Олимпискиот базен во Скопје, Град Скопје денеска почна со изведба на нов парк. Со градежна механизација се отстрануваше тревата, а според проектот на целиот простор ќе биде заседена нова трева, дрвја и поставен систем за полевање капка по капка. Околу паркот ќе биде изведена адреналинска велосипедска патека.

    „Овој простор досега беше неуреден. Сега ќе добие нов лик со зеленило и содржини за забава, како што е адреналинската патека. Ќе бидат поставена и урбана опрема“, вели директорот на ЈП „Паркови и зеленило“ Ардијан Муча.

    Паркот ќе го изведуваат јавните градски претпријатија „Паркови и зеленило“ и „Улици и патишта“.

    А. АНТЕВСКА

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира