НОВ ПОЖАР ИЗБУВНА ВО „ТРЕСКА“ УТРИНАВА, ПОЖАРНИКАРИТЕ ДЕЖУРААТ ВО КРУГОТ НА ФАБРИКАТА

    НОВ ПОЖАР ИЗБУВНА ВО „ТРЕСКА“ УТРИНАВА, ПОЖАРНИКАРИТЕ ДЕЖУРААТ ВО КРУГОТ НА ФАБРИКАТАВчера во „Треска“ околу пладне изби голем пожар во магацин. (Фото: К. Попов)

    Нов пожар утрово околу 5 часот избувна во кругот на фабриката „Треска“. Како што ни изјави командирот на скопската Пожарна Звонко Томески, станува збор за сосема друг објект, односно продавница за бои и лакови.

    Екипи цела ноќ дежураа во рамките на фабриката и затоа пожарот беше веднаш регистриран и за 15 минути изгаснат со три противпожарни возила. Пожарникари и денеска ќе останат на локацијата“, вели Томески.

    Вчера во „Треска“ околу пладне изби голем пожар во магацин. После два часа пожарот беше изгаснат, а скопската градоначалничка Данела Арсовска изјави дека бил подметнат.

    Просторот кај поранешната фабрика „Треска“ е актуелен поради зградите кои треба да никнат таму и битката на граѓанските организации да се спречи ново бетонизирање на Скопје.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира