НОВ В. Д. ДИРЕКТОР НА СКОПСКИ „ВОДОВОД“ Е ЗЛАТКО ПЕРИНСКИ, ПОРАНЕШЕН ДИРЕКТОР НА САЛАТА „БОРИС ТРАЈКОВСКИ“

    НОВ В. Д. ДИРЕКТОР НА СКОПСКИ „ВОДОВОД“ Е ЗЛАТКО ПЕРИНСКИ, ПОРАНЕШЕН ДИРЕКТОР НА САЛАТА „БОРИС ТРАЈКОВСКИ“Перински беше советник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ во минатиот Совет на Општина Аеродром. (Фото: Фејсбук)

    Градоначалничката на Скопје Данела Арсовска го назначи Златко Перински за нов в. д. директор на Јавното претпријатие „Водовод и канализација“. Перински доаѓа на местото на досегашниот директор Душко Весковски, кој беше кандидат на градоначалник на СДСМ во Општина Карпош.

    Перински е поранешен директор на спортската сала „Борис Трајковски“, а беше и советник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ во минатиот Совет на Општина Аеродром.

    Арсовска досега ги разреши повеќето директори на јавните претпријатија поставени од нејзиниот претходник Петре Шилегов. Нови директор не се назначени уште на јавните претпријатија „Градски паркинг“ и „Комунална хигиена“.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира